ГОДИНА СО МАЛКУ БРАКОВИ И МНОГУ РАЗВОДИ: Скопјани „лидери“ во прекинувањето на брачните заедници
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2020 07:02
Расте бројот на разводи, а опаѓа бројот на склучени бракови.
Во време на пандемија, во третото тромесечје од годинава Македонија бележи раст на бројот на разводи. Во ова тримесечје се добиени 357 извештаи за разведени бракови што претставува зголемување од 8.5 отсто во споредба со истото тримесечје лани, објави Државниот завод за статистика. Еден квартал претходно имало 181 развод, што значи дека бројот на разводи расте. Скопје е лидер по бројот на разведени двојки. Регистрирани се 76 разводи, а во внатрешноста бројките се многу помали.
Психологот Атанас Ивановски вели дека на оваа тема може многу да се дискутира, но според него причините кои водат кон развод се личната неподготвеност за брак и стапувањето во брак за да се задоволат некои општествени критериуми.
„Тука е пред сѐ личната подготвеност на поединецот да влезе во една брачна заедница, која е непозната, нова, и стапувањето во брак за да се задоволат некои авторитети како родители и слично, затоа што бракот во средината се смета како вредност. Со стапувањето во брак сакаат да добијат некој социјален статус, да бидат препознаени во својата средина како личност која почитува некоја вредност“, објаснува Ивановски.
Сепак, брачните заедници се прекинуваат и поради нетрпеливост, неверства, финансиски проблеми и слично.
Во наведениот период, Гостивар има 36, Кавадарци 17, Куманово 15, Охрид 31, Прилеп 19, Струмица 18, а Тетово 22 разводи. Во Струга имало 9, во Ресен 6, во Неготино 9, во Крушево 5, Кочани 3 и Јегуновце 8 разводи. Желино има 9, Демир Капија 2, а Дојран, Дебарца, Богданци, Берово, Валандово, Арачиново, Чешиново-Обелеево, Чучер - Сандево и Делчево и други помали општини имале само по 1 развод. Разводи немало во Штип, Велес, Вевчани, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка и други населени места во Македонија.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 12.9 отсто во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 3.768 бракови.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




