17 Декември, 2025
0.0373

Годинава се бележи пад на каматите, но и на кредитната активност на банките

Објавено во: Економија 12 Август, 2013 11:38

Добивај вести на Viber

Од почетокот на годинава се бележи пад на каматите, но и на кредитната активност на банките. Растот на нефункционални кредити се зголемува, а со тоа и воздражноста да се кредитираат фирмите кои во услови на криза носат најголем ризик. Од друга страна банките нудат рекласирани услови за кредирање на населението, но побарувачката таму е ниска.

Значаен пад на каматите и на кредитите и на депозитите се случува од почетокот на годинава, со што банките, по бавната динамика на следење на сигналите на Народната банка лани, годинава веќе евидентно ги променија каматните политики.

Ако се знае дека каматите за штедење беа исклучително високи во годините на кредитен бум (2004 – 2007 г.), стигнуваа до 7-8% бидејќи банките сакаа да привлечат што поголема маса депозити како основен инструмент за кредитирање, сега атрактивноста на овие каматни стапки се намали двојно, објави „Либертас“.

Просечната каматна стапка на денарските депозити без девизна клаузула е 4,6%, а лани била 5,2% и оваа е најатрактивната камата за депозити и со тоа се објаснува трендот на зголемено штедење во денари. Каматите за девизните заштеди се 3,4% годинава, а лани биле 2,6%, но за новите депозити што банките ги примаат,  каматата за девизните депозити е 1,3%, наспроти 2,2% лани.

Кај кредитите, каматата на оние без валутна калузула се 8,6%, наспроти 9,1% лани, а тие што имаат девизна клаузула се даваат за просечна камата од 7,6%, што е пониско ниво од ланските 7,9%. Новите кредити се со уште поатрактивни каматни стапки, 6,8% за оние без клаузула (лани стапката била 8,0%) и 7,4 за тие со девизна клаузула (лани каматата била 7,6%).

Но, овие релаксирани услови за кредитирање не значат и зголемено кредитирање. Напротив, банките ги затегнаа условите и лесно даваат кредити само на првокласни клиенти.

Последната анкета на банкарската активност што ја објавува Народната банка покажа дека банките нудат порелаксирани услови за кредитирање на населението, а ги заостриле оние за кредитирање на компанииите. Од другата страна, на побарувачката, поголем е интересот на фирмите за кредити, а намален е оној на населението. Оттука, банките тргајќи по најсигурен начин за пласирање на своите средства се наоѓаат во ситуација да нудат ефтини кредити за неселението, но тоа да нема голем интерес за тоа, а да ги затегаат условите за компаниите, кои пак, се гладни за кредити.

Таквата ситуација засега не удира значително по профитите на банките, односно на оние на големите банки, од кои две, во првото тримесечие од годинава остварија поголеми добивки од лани. Кај помалите банки, ситуацијата е потешка и некои работат со загуба.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас