Годишните собранија виртуелни: КХВ со низа препораки
Објавено во: Економија 16 Март, 2020 16:12
Низа препораки упати денеска Комисијата за хартии од вредност а по повод новонастаната ситуација со ширењето на коронавирусот. Оттаму велат дека внимателно ја следат состојбата.
Сугерираат сите овластени учесници на пазарот, вклучително и Берзата и Депозитарот, да бидат подготвени да ги применат своите планови за континуитет на работењето во согласност со регулаторните обврски овозможувајќи функционирање на клучните процеси, а истовремено да им се овозможи на вработените работа од дома.
„Начинот на прием на налози за тргување е уреден со договор помеѓу брокерската куќа/дирекција за работа со хартии од вредност и клиентот. Генерално, доколку технички-технолошки и инфраструктурно е возможно треба да се промовираат електронските налози, како и давање налог по писмен пат, стои во известувањето.
Ги повикуваат издавачите да ги обелоденат што е можно поскоро сите релевантни информации во врска со влијанието на COVID-19 врз нивното работење во квалитативна и кванитативна смисла согласно со нивните обврски за транспарентност.
„Ефектите од оваа ситуација зависат од многу фактори кои не се под контрола на издавачите, меѓутоа, прашањето како издавачите планираат да се справат и да одговорат на оваа неизвесност, може да биде значајна информација за одлуката за инвестирање. Акционерските друштва да го модифицираат вообичаеното планирање за одржување на годишнитe собранија на акционери со оглед на мерките за спречување на ширењето на COVID-19. Во случај на веќе закажани собранија, доколку технички е возможно, да се разгледа опцијата за виртуелно одржување на собрание или пак учество по пат на писмена кореспонденција. Ако одржувањето на собранијата со „физичко“ присуство е неизбежна солуција да се превземат мерки за да се ограничи ризикот за присутните, односно да се консолидираат присуството и гласањето на собранието со што е можно помалку луѓе (имајќи ги во предвид релевантните кворуми за седница и одлучување ) преку полномоштва, сугерира КХВ.
Оттаму велат и инвеститорите на берзата, како и инвеститорите во инвестицските фондови, своите инвестициски одлуки да ги носат рационално и базирано на релевантни и проверени информации (од финансиска, но и од нефинансиска природа) кои се објавени преку релевантни и проверени канали, затоа што во спротивно би дошло до ирационално однесување a со тоа да се мултиплицираат негативните ефекти на моменталната состојба.
„Комисијата постојано упатува на тоа дека инвестициите на пазарите на хартии од вредност треба да се анализираат на долг рок и како такви треба да се третираат при носењето на инвестициските одлуки, стои во соопштението.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





