Голден Арт КЛ7 изврши скрининг тестирање на сите свои селекции
Објавено во: Македонија, Спорт 29 Јули, 2020 11:06
Новиот суперлигаш голден Арт КЛ7 крајно
професионално, транспарентно и одговорно објави дека резултатите од скрининг
тестирањето на сите ракометари на првиот тим, младинците и кадетскиот тим, покажале два позитивни на корона вирусот.
-Свесно и целно, пред почетокот на тренажниот процес за своите кадети, младинци и првиот тим во „Жан Митрев Клиника“ беа извршени 63 скрининг тестирања од Ковид 19. Свесни за пандемијата со ковид 19 и многубројните несимптоматски носители на вирусот во светски рамки, истовремено почитувајќи ги препораките и донесениот протокол од страна на РФМ сите селекции на Голден Арт КЛ 7 беа тестирани. Свесно и целно, пред почетокот на тренажниот процес за своите кадети, младинци и првиот тим се организираа скрининг тестови, истакнуваат од таму.

Истите беа спроведени од страна на "Жан Митрев Клиник". Играчите веднаш по пристигнувањето од своите места на живеење според сите правила на дистанца и заштита прво беа упатени на скрининг тестирања. Кај двајца играчи (еден сениор и еден кадет) скрининг тестовите беа позитивни. Истите се во самоизолација и се чувствуваат добро без ниту еден симптом. По добиените резултати тренинзите се одвиваат секојдневно според донесениот протокол. На нашите играчи им посакуваме поскоро закрепнување и приклучување во тимот, се наведува во нивното соопштение.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




