Добивај вести на Viber
Светската економија во 2013 година ќе обезбеди раст од 3,6 проценти, предвидува инвестициската банка „Голдман Сакс“. Оваа проекција се базира на усогласениот пазар кој ќе обезбеди раст од 3,5 отсто и на поволните очекувања за движењата на економиите во развиените земји, особено во САД. Потоа доаѓа групата на земји во развој како Индија, Русија, Мексико и Турција. Голдмановите најави за раст се во согласност со ревидираната проекција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Фондот во октомври минатата година ги намали предвидувањата за раст во 2013 година на 3,6 отсто од претходните 3,9 отсто.
„Голдман“ смета дека постојат четири главни закани за светската економија во наредните една или две години.
- должничката криза во еврозоната,
- „фискална бездна“ во САД,
- изненадувањата во економската политика на Јапонија,
- тензиите на Блискиот Исток и цената на нафтата
Кинеската економија, пак, според прогнозите на „Голдман“ во 2013 година ќе обезбеди раст од 7,9 проценти. Од друга страна поволни се очекувањата за економијата на САД, каде што се предвидува нејзин раст од 2,3 отсто во 2013 година, а се знае дека доколку на САД и оди добро, нема да биде лошо и за остатокот од светот. Оваа американска инвестициска банка, исто така, верува дека во 2013 година во еврозоната, која е погодена од кризата, може да се постигне позитивен раст од 0,2 отсто. Се предвидува дека најголемата европска економија, Германија, ќе забележи раст во првиот квартал благодарение на домашната побарувачка и на извозот, а исто така се очекува и позитивно изненадување од економијата на Италија, која е трета по големина во еврозоната.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.