ГОЛЕМ БРОЈ МАКЕДОНСКИ НОВИНАРИ ЌЕ ЈА СЛЕДАТ ПРВАТА МЕЃУВЛАДИНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БРИСЕЛ - утрешниот настан предизвика голем интерес
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2022 13:37
Првата Меѓувладина конференција со Европската Унија ќе се одржи утре. Премиерот Димитар Ковачевски на македонски јазик ќе ја прочита отворачката изјава.
Настанот во Брисел е предвидено да го следат голем број македонски новинари.
Веднаш по одржувањето на Првата Меѓувладина конференција, како што тврди шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ќе почне скрининг процесот кој ќе трае година и половина. По завршување на скринингот предвидена е и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, нејзиното одржување е условено со уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Османи и Теодора Генчовска вчера во Софија го потпишаа билатералниот протокол.
Според Османи, протоколот се базира на реципроцитет, а сите обврски за историјата ќе настанат дури откако тоа би го констатирала Зедничката комисија составена од историчари.
Можеби ќе ве интересира
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети




