01 Октомври, 2023
0.0242

ГОЛЕМ ДОЛЖНИЧКИ ТОВАР ОД БЛИЗУ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА - стар судски спор ќе ја „стопи“ добивката на „Раде Кончар - Апаратна техника“

Објавено во: Економија 27 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Голем должнички товар од над 500 илјади евра се надвисна над компанијата „Раде Кончар Апаратна техника“.

На нивна штета паднала судска пресуда која датира дури од 2015 година, со што сега тие ќе треба да платат и за главниот долг, и за камати од тој датум. 

Овој должнички товар од близу 600 илјади евра, или 566 илјади евра и денарски долг од 1,66 милиони евра, што е всушност рамно на околу 27 илјади евра, паѓа на ДОО „Раде Кончар Заеднички дејности Скопје“, но тоа е придружен ентитет на „Раде Кончар Апаратна техника“, односно ова акционерско друштво таму има 40 отсто во форма на вложување.

Тоа практично значи дека на товар на „Раде Кончар Апаратна техника“ ќе падне голем дел од овој должнички товар, што ќе се одрази и врз нејзиниот финансиски резултат за минатата година.

Компанијата за овој настан ги информира инвеститпорите преку ценовно чувствителна имнформација, бидејќи тој ќе биде многу значаен за работењето на фирмата.

„Во Друштвото со огранничена одговорност Раде Кончар-Заеднички дејности-Скопје, кое е придружен ентитет на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје, во кој Акционерското друштво има вложување од 40 отсто, се случи настан предизвикан од правосилна судска пресуда Рев 1, од 25.01.2023 година, со која ДОО Раде Кончар-Заеднички дејности е задолжено со главен долг во износ од 1.657.035 денари (околу 27 илјади евра - н.з.) и 565.924 евра, како и затезна камата на овој износ сметано од 06 февруари.02.2015 година до конечна исплата на долгот“, се вели во известувањето што компанијата го испрати до Берзата. 

Со оглед на тоа што АД Раде Кончар-Апартна техника-Скопје е во фаза на ревизија на финансиските извештаи за 2022 година, по укажување од страна на овластениот ревизор, согласно сметководствените стандарди по принципот на вложување во придружни ентитети, ваквиот настан кај наведениот придружен ентитет, ќе има дирекно влијание и негативно ќе се одрази врз деловните резултати за 2022 година на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје.

„Со оглед на тоа што за наведениот настан, Акционерското друштво Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје, беше известено по истекот на рокот за објавување на годишните неревидирани, неконсолидирани финансиски извештаи за 2022 година и рокот за пријавување на годишната сметка за 2022 година, а имајќи предвид дека Акционерското друштво е сеуште во фаза на ревизија на финансиските извештаи за деловната 2022 година, Акционерското друштво најавува дека ќе изврши корекција на истите и корегирани ќе ги објави преку СЕИ-НЕТ со соодветно образложение кон истите“, посочуваат од „Раде Кончар Апаратна техника“.

Инаку, според неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех за минатата година што го објави „Раде Кончар Апаратна техника“, компанијата лани остварила добивка од 490 илјади евра, што воп однос на претходната 2021 година е намалување за 24 проценти.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КРЕАТОРОТ НА ПОПУЛАРНАТА ИГРА FORTNITE ДЕЛИ МАСОВНИ ОТПУШТАЊА: Вработените се збогуваат со „Epic Games“ и во Нови Сад

КРЕАТОРОТ НА ПОПУЛАРНАТА ИГРА FORTNITE ДЕЛИ МАСОВНИ ОТПУШТАЊА: Вработените се збогуваат со „Epic Games“ и во Нови Сад

ЗАПИРААТ НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА ВО ГЕРМАНИЈА: Намалено производство, помал број на работници

ЗАПИРААТ НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА ВО ГЕРМАНИЈА: Намалено производство, помал број на работници

АВСТРИЈА ДОБИВА НАЈНОВА ГЕНЕРАЦИЈА НОЌНИ ВОЗОВИ: Луксузни и брзи, ќе се движат со 230 километри на час

АВСТРИЈА ДОБИВА НАЈНОВА ГЕНЕРАЦИЈА НОЌНИ ВОЗОВИ: Луксузни и брзи, ќе се движат со 230 километри на час

CREDIT SUISSE“ ИЗГУБИ РЕЧИСИ 13 ОТСТО ОД СВОЈАТА РАБОТНА СИЛА: „Не можеме да создаваме работни места за секого“, објави Серџо Ермонти

CREDIT SUISSE“ ИЗГУБИ РЕЧИСИ 13 ОТСТО ОД СВОЈАТА РАБОТНА СИЛА: „Не можеме да создаваме работни места за секого“, објави Серџо Ермонти

ПОЗНАТ РЕСТОРАН НАПРАВИ ПОТЕГ ЗА ПОФАЛБА: Ги намали цените поради зголемените трошоци, со дополнителен попуст за вработените

ПОЗНАТ РЕСТОРАН НАПРАВИ ПОТЕГ ЗА ПОФАЛБА: Ги намали цените поради зголемените трошоци, со дополнителен попуст за вработените

ДАЛИ Е МОЖНО, СО ПЛАТА ОД 4.000 ЕВРА НА „РАБОТ НА СИРОМАШТИЈА“: Во оваа европска земја најмногу пари се трошат за кирија и здравствено осигурување

ДАЛИ Е МОЖНО, СО ПЛАТА ОД 4.000 ЕВРА НА „РАБОТ НА СИРОМАШТИЈА“: Во оваа европска земја најмногу пари се трошат за кирија и здравствено осигурување

РАСТАТ ПЛАТИТЕ: Колку заработуваат Црногорците?

РАСТАТ ПЛАТИТЕ: Колку заработуваат Црногорците?

Здрава е, но и скапа за повеќето граѓани – имаме ли навика да купуваме бамја?

Здрава е, но и скапа за повеќето граѓани – имаме ли навика да купуваме бамја?

Две балкански земји имаат највисока инфлација во ЕУ

Две балкански земји имаат највисока инфлација во ЕУ