23 Ноември, 2024
0.0373

Голем еко-настан „Заедно за почиста општина“ на 3 ноември во паркот „Авионче“ во Аеродром

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Непрофитната компанија која управува со отпад од пакување и соработува со компании од голем број индустрии, „Еуро-Екопак“, заедно со општина Аеродром на 3 ноември (недела) во 12 часот ќе организира настан во паркот „Авионче“во Скопје. Активноста е дел од проектот CleanAirDrom и фокусот ќе биде кон собирање на отпадно стакло (шишиња, тегли итн.) за кое ќе биде поставена соодветна опрема. Воедно, посетителите ќе може да уживаат и во настапите на: дуото ДНК, детскиот хор „Поточиња“ и танц групата „Аква денс“.

Проектот CleanAirDrom го реализира општина Аеродром, а „Еуро-Екопак“ се вклучува како поддржувачи во рамки на активностите, поставени се машини за собирање пластични шишиња во девет училишта и две градинки. Секое шише има своја вредност и како директна субвенција се доделува на училиштето односно градинката во даден временски период, а на основа на предодредена програма која општината ќе ја донесе за таа цел. Имајќи во предвид дека во општина Аеродром има 77.000 жители, над 2.500 деца во градинките и над 7.000 ученици во основните училишта, проценките дека на годишно ниво е дека можат да се овозможат и до 1.3 милиони денари за 11 училишта и градинки преку овој пилот проект. Колку повеќе се селектира, толку повеќе се донира за овиеинституции.

- Основана далечната 2011 година, „Еуро-Екопак" е општествено одговорна компанија која својот развој го заснова на реализација на плански утврдените цели, имплементација на законските обврски и остварување на национални цели. Стратешката определба на компанијата е градење и развивање на системот на примарна селекција на отпад, но и фокус на подигање на јавната свест кои заедно претставуваат основа на циркуларната економија. Лојалноста кон компаниите членки на системот и определбата на перманентна комуникација и соработка преку запознавање со законските обврски кои компаниите се должни да ги реализираат е примарна компонента во планските активности на „Еуро-Екопак“ и во наредниот период. Во таа насока ќе се стимулира развојот на процесите на примарна селекција на отпадот од пакување со вклучување и соработка со единиците на локалната самоуправа, јавните комунални претпријатија, вклучување на правните субјекти носители на лиценците за управување со отпадот, како и непосредната соработка со граѓаните како важни чинители во процесот на селекцијата – вели Лука Луковски, директор на „Еуро-Екопак“ кој веќе соработува со повеќе од 500 компании.

Проектот Clean AirDrom е финансиран од Европската Унија, ко–финансиран од Швајцарската агенција за поддршка и развој преку Министерството за локална самоуправа. „Еуро-Екопак“ веќе планира и голем број на други активности за подигање на јавната свеста во насока на почиста животна средина. 

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ