22 Ноември, 2024
0.0294

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ПАНЕЛИ ПРОСЛЕДЕН СО МНОГУ СОПКИ, упатените укажуваат на опциите кои ги имаат граѓаните

Објавено во: Економија 15 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Поскапувањето на струјата ги здрма и граѓани кои интензивно трагаат како да постават сончеви панели на своите покриви со цел да ги намалат сметките за струја или пак целосно да се исклучат од енергетскиот систем. Изиминативе месеци надлежните институции преземаа неколку чекори во насока на подобрување на употребата на сончевата енергија во производството на електрична енергија, со цел да се зголеми домашното производство.

Сепак, и покрај промените, остануваат одредени кочници кои ги спречуваат домаќинствата поинтензивно да вложуваат во фотоволатици со кои ќе произведат електрична енергија.

-  Ова лето има зголемен број барања, и од домаќинствата, и од компаниите. За жал, повеќето од барања за поставување панели се поттикнати од идејата потрошувачите да се исклучат од мрежата на ЕВН, сами да си произведуваат струја и за тоа на никого да не му плаќаат ништо. Тоа е нереална, нерационална и недостижна цел. Економски е неисплатливо да се стремиме за целосна енергетска независност во услови кога ни се достапни класичните извори на енергија за задоволување на потребите на корисникот. Но, секако, есента која пристигнува и опасноста од недостиг на струја, можните прекини во снабдувањето, опасноста од рестрикции, ја поставуваат на прво место погодноста да се има можност да се искористат алтернативни извори на енергија како дополнување на потребите на корисниците – вели Звонко Марковски, управител на компанијата „Сието“.

Марковски за „Фактор“ потенцира дека поскапувањето на струјата има уддел во во зголемено поставуање на панели за производство на струја. Според него, сега сме во фаза - почеток кој ќе не доведе до потребата да побараме нови решенија за да одговориме на секојдневни проблеми и дополнува дека промените во законските услови придонесуваат да се зголеми интересот кај домаќинствата и фирмите за поставувањето панели за производство на струја.

-  Сега најисплатливо да се инвестира во систем кој ќе овозможува значителна заштеда во сметките за струја кои секој месец ни ги доставува универзалниот снабдувач. Летово започна примената на новиот тарифен модел со воведување на блок тарифи, тоа значи дека оние кои повеќе трошат, поскапо ќе ја плаќаат струја, а оние кои помалку трошат ќе плаќаат поевтина електрична енергија дури и од сегашната.  Оваа промена во тарифниот модел значи дека е краен момент и секој кој има можност треба да инсталира макар и најмал фотоволтаичен систем на својот покрив, за да ја намали сопствената потрошувачка на струја во скапата – дневна тарифа. Целта е домаќинство/фирма да премине во тарифен модел со најниска можна потрошувачка – објаснува Марковски.

Од Министерството за економија не добивме јасен одговор дали и колкав интерес има од граѓаните и компаниите за инвестирање во сончеви панели, но посочуваат дека наскоро ќе се распише оглас за субвенции за граѓаните за поставување на фотоволатаици.

-  Донесена е Програма за промоција на обновливи извори на домаќинствата за 2022 година. Со ребалансот на Буџетот, средствата за реализција на оваа програма се зголемија на 60.000.000 денари, од претходно одобрените 30.000.000 денари и истите ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија за домаќинствата, до 30 проценти, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2022 година. МЕ до крајот на месец август ќе распише јавен оглас, на кој заинтересираните домаќинства ќе имаат право да аплицираат за остварување на надомест на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка, а вишокот да го предаваат на електродистрибутивната мрежа, согласно Правилникот за обновили извори на енергија – укажуваат од МЕ.

Марковски за „Фактор“ потенцира дека последните измени во енергетската регулатива малку го ублажија проблемот.

Зголемувањето на дозволената јачина на системите, како и укинувањето на мрежарина за оние што предаваат струја во системот има само мал придонес во зголемениот интерес кај домаќинствата и кај фирмите за поставување панели за струја.Некои од главните ограничувачки фактори се уште не се отстранети.  Средствата на Програмата на МЕ за надоместување на дел од трошоците е многу погодно и важно е да се искористи. Предност е што нема потреба од дополнителни дозволи и лиценци за монтирање на систем за сопствена потрошувачка, ако се конкурира за оваа програма, домаќинството добива субвенциии потрошувачката на струја од ЕВН автоматски ќе падне во пониска тарифа, значи ќе се плаќа струја по пониска цена. За да може да се користи оваа погодност домаќинствата треба да имаат фактура за инсталиран систем издадена од лиценциран изведувач и извод од жиро-сметката за извршена уплата – објаснува Марковски.

Нашиот соговорник додава дека домаќинствата може да постават систем за добивање електрична енергија и без да ги користат субвенциите од министерството, со што ќе  ги продаваат вишоците на енергија, но укажува и на условите кои мора да се исполнат.  

-  Втората можност која ја дава промената во постзаконските акти е вишокот произведена енергија да се предава на ЕВН. На сите домаќинства им се дозволи на покривите да инсталираат системи кои ќе произведуваат електрична енергија по моделот потрошувач – производител. Капацитетите на инсталираните фотоволтаици за домаќинствата се зголеми на 6kW, за фирмите на 40kW.  Како потрошувач – производител можете да го предавате вишокот во електродистрибутивната мрежа доколку ги исполнувате и следните услови: Инсталирате фотонапонски систем или мала ветерна електроцентрала како постројка за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија, на градба на која имате право на сопственост или користење. Го предавате вишокот на произведената енергија на истата точка на која Снабдувачот Ви ја испорачува електричната енергија. Цената по која ќе се откупува вишокот е просечната набавна цена на електрична енергија која Универзалниот снабдувач – ЕВН Хоме ја набавува за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи (правни лица) согласно Правилникот за енергија од обновливи извори. Цената се утврдува од Регулаторна комисија за енергетика и истата подлежи на промени. Пресметковниот период за предадената електрична енергија во мрежата е шест месеци, при што првиот пресметковен период е од јануари до јуни, а вториот пресметковен период е од јули до декeмври – објаснува Марковски.

Сепак, тој додава дека според ЕВН, за предадената енергија во мрежата нема да се врши исплата на парични средства, туку ќе се врши порамнување со енергијата која е потрошена за мерното место.

Тој за Фактор посочи и на ограничувачки фактори како што се „пообемна документација, што ја зголемува почетната инвестиција за повеќе од 1500 евра по систем“. За реализација на ваква инвестиција потребни се доказ за сопственост за објектот/парцелата каде се инсталира производната постројка, основен проект за производната постројка, изготвено потенцијално техничко решение за приклучување на генераторска единица,(за кое се уплаќа износ од 7.000 денари на Електродистрибуција ДООЕЛ), одобрение за употреба на енергетскиот објект или извештај за извршен технички преглед од надзорниот инженер за објектите за кои не е потребно издавање на одобрение за употреба, решение за поставување или Одобрение за градење на производната постројка (од надлежната општина), а додава дека некои општини бараа и Мислење издадено од РКЕ.

- Потребна е голема кровна површина за да може да се монтираат 6 kW во фотоволтаици на покрив. Во досегашната практика на проектирање и изградба на покриви не е водена сметка истите да бидат погодни за монтажа на фотоволтаици. Дополнително, потребно е да се склучи и Договор за снабдување со електрична енергија со Универзалниот снабдувач – ЕВН Хоме и да се достави прилог листа за предавање на вишокот на произведената електрична енергија во електродистрибутивната мрежа, чии што елементи се опредени во Правилата за снабдување со електрична енергија – потенцира Марковски.

Нашиот соговорник укажува дека на граѓаните им останува опцијата да инсталираат систем со можност за складирање на вишоците на енергија, кој работи и кога има прекон на струјата во мрежата. Додава дека времето во кое ќе може да работи таквиот систем (4, односно 8 часа) зависи од големината на батериите кои се вградени. Марковски потенцира дека хибридниот систем е малку поскап од системот за сопствена потрошувачка (за цената на батериите) неговата сигурност и неговата корисност за напојување на критичните потрошувачи е од суштинска важност.

Петранка Огнаноска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат