ГОЛЕМ ЈАЗ: Ваква разлика во цените на златото и среброто немало три децении
Објавено во: Економија, Корона Вирус 08 Јуни, 2020
Голем јаз се појави во цената меѓу златото и среброто, и таа е најголема од 1991 година.
Ова е последица на фактот дека се намали интересот на инвеститорите за благородните метали.
Цената на златото регистрираше пад од 2,6 отсто на 1.683 американски долари, што е најголемо намалување за период од три месеци.
Среброто во понеделникот имаше цена од 18,95 долари и достигна највисоко ниво во изминативе два месеци. Цената на среброто скокна за 27 отсто од крајот на април.
Претходно, имаше прогнози дека цената на златото ќе достигне 3.000 долари за унца.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.