05 Декември, 2025
0.0334

Голем пад на корисниците на младински додаток во државата, a Агенцијата за вработување има вишок од 60 милиони евра

Објавено во: Економија 16 Септември, 2025 12:04

Добивај вести на Viber

Од околу 5.500 млади работници во производствената, претежно индустриска дејност, кои користеле младински додаток од 3.000 денари месечно, бројот на крајот од минатата година се намалил на помалку од 5.000.

Ова е евидентирано во извештајот на Агенцијата за вработување за 2024 во анализата на мерките за стимулирање на вработеноста, каде што се објавени и податоците за исплатите од државата на сметка на младите работници до 23 години.

Мерката стапи на сила во февруари 2020, пикот го достигна во 2022 кога бројот на корисници достигна околу 5.600-тини. Истата бројка се задржа и на крајот на 2023, за потоа лани да следува голем пад на интересот.

Сумата од 3.000 денари остана непроменета повеќе од пет години иако во меѓувреме имаше огромен раст на цените на производите и услугите. Новата власт во оперативниот план за 2025 ја стави оваа мерка со непроменети услови. 

- Младински додаток е месечен додаток кој се исплатува од Буџетот на АВРСМ на трансакциска сметка на младото лице.

Младинскиот додаток изнесува 3.000 денари за полно работно време, на кој се плаќа данок на личен доход и се исплатува еднаш месечно на трансакциската сметка на младото лице најдоцна до 25 во месецот за претходниот месец.

Со Младински додаток заклучно со 31.12.2024 година биле опфатени  4929  млади лица на возраст до 23 години, за кои се исплатени вкупно 116.064.414,00 денари, објави Агенцијата за вработување во извештајот.

Оваа мерка беше замислена како потикнување на вработувањето на младите лица во производството по завршување на средното образование, како и задоволување на потребите на работодавачите за квалификувана работна сила.

Од друга страна салдото на Агенцијата за вработување на крајот на 2024 останало позитивно со непотрошени неверојатни 60 милиони евра, или 3.701.028.265 денари во плус, заедно со непотрошените суми префрлани од минатите години. Дури 10 милиони евра останале непотрошени од редовниот вообичаен план за минатата година.

Владата минатиот месец донесе одлука да се прераспределат околу 5 милиони евра вишок од фондот на Агенцијата за субвенцинирање на вработување на инвалидни лица за други мерки за врабтување.

Според извештајот, најголем пораст на интересот кај вработувачите имало за мерката „врабоотување и раст на правни субјекти“ за еднократни грантови до 220.000 денари ако се преземе невработено лице. Вкупните исплати за оваа мерка за една година се зголемиле од 1,5 на 3 милиони евра  Зголемување има и кај исплатите за мерката за „самовработување“ од 11 на речиси 12 милиони евра. Кај останатите стимулации речиси нема никакви поместувања.

А.К.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје