Голем пораст на бројот на патници на „Ќафасан“
Објавено во: Македонија 02 Август, 2025 19:51
На граничните премини на македонско-албанската граница, посебно на преминот „Ќафасан“ кај Струга, продолжува големиот проток на патници и возила.
- Во текот на изминатите три дена, околу 30 илјади патници и над 11 илјади возила влегле и излегле преку овој граничен премин. Поголемиот дел од патниците се странски државјани кои го избираат албанскиот брег за своите летни одмори, објавија албански медиуми.
За да се справат со овој проток, граничните власти ставиле во функција четири шалтери за граѓани и еден шалтер наменет за тешки товарни возила.
Зголемена фреквенција се бележи и на граничниот премин „Блато“, кај Дебар, што, по изградбата на автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) сè помасовно се користи, поради намалената оддалеченост, на само 70 километри, од преминот до Тирана.
На овој премин, според македонското МВР, во првите шест месеци од годинава, забележана е историски рекордна фреквенција, односно минале 574.737 патници што е за 55 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, кога биле регистрирани 370.827 патници.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




