17 Ноември, 2025
0.0528

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ – лани работеле со загуба, годинава имаат вртоглава добивка

Објавено во: Финансии 04 Ноември, 2025 07:48

Добивај вести на Viber

Една од најуспешните компании од Прилеп со значителен раст на заработката оваа година, особено во споредба со истиот период минатата година.

Согласно последниот Биланс на успех на Тутунскиот комбинат Прилеп објавен на Македонска берза, во периодот од јануари до крајот на септември годинава, компанијата успеа да оствари добивка од над 1 милијарда денари или 17,8 милиони евра.

Ова е голем пресврт имајќи предвид дека исиот период минатата година компанијата имала загуба, и била во минус над 117 милиони денари или 1,9 милиони евра.

-  Финансискиот резултат за “Тутунски комбинат АД Прилеп” за период 01.01.2025-30.09.2025 покажува добивка во износ од 1.098 илјади денари. Споредбено со претходната  2024 година  во истиот период,  имавме негативен финансиски резултат од 117.729 илјади денари – се посочува во извештајот на Тутунски комбинат.

Во него е истакнато дека оперативните приходи се зголемени во 2025 година, односно од 547.657 илјади денари на 1.115.870 илјади денари. Причината за ова зголемување на оперативните приходи е резултат на зголемувањето на приходите од продажба  на домашен пазар од 128.317 на 508.169 илјади денари.

Што се однесува пак до оперативните расходи и тука комбинатот бележи раст од 678.089 илјади денари на 1.134.014 илјади денари. Зголемувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“.

Финансиските приходи се зголемени од 33.939 илјади денари на 41.307 илјади денари споредено со претходниот период. Се однесуваат на финансиски приходи од односи со поврзани друштва.

Финансиските расходи изнесуваат 26.975 илјади денари, што претставува мало зголемување во однос на претходниот период, кога изнесувале 22.298 илјади денари.  Ова зголемување на финансиските расходи се должи пред се на зголемувањето  на расходите по основ на камати од работењето со неповрзани друштва и расходите по основ на курсни разлики од работењето со неповрзани друштва.

Оперативна добивка за периодот 01.01.2025 - 30.09.2025 година изнесува 1.098 илјади денари наспроти оперативната загуба од претходниот период 117.729 илјади денари.

-  Друштвото ги исполнува планираните параметри и очекува оваа тенденција да продолжи до крајот на годината – се нагласува во нивниот извештај.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

Како Кина го турка доларот - глобалната улога на јуанот станува сè посилна

Како Кина го турка доларот - глобалната улога на јуанот станува сè посилна

Балканците кои заминаа да работат во оваа земја се враќаат полни со пари: Поблиску е од Германија, а платите се многу повисоки

Балканците кои заминаа да работат во оваа земја се враќаат полни со пари: Поблиску е од Германија, а платите се многу повисоки

Кога километражата „зборува лага“: Илјадници Македонци купуваат автомобили со вратена километража

Кога километражата „зборува лага“: Илјадници Македонци купуваат автомобили со вратена километража

МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји

МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји

МАПАС СО ПОГОЛЕМ БУЏЕТ СЛЕДНАТА ГОДИНА – растат трошоците за вработените, но и нивниот број

МАПАС СО ПОГОЛЕМ БУЏЕТ СЛЕДНАТА ГОДИНА – растат трошоците за вработените, но и нивниот број

Царини и за пратки под 150 евра – еве од кога важи новата одлука

Царини и за пратки под 150 евра – еве од кога важи новата одлука

„Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси“: Николовски за зголемената наплата на Царина и растот на приходите

„Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси“: Николовски за зголемената наплата на Царина и растот на приходите

Плата од 2.200 евра, обезбедено сместување и храна, можни и бонуси – но „сè уште нема соодветни кандидати“

Плата од 2.200 евра, обезбедено сместување и храна, можни и бонуси – но „сè уште нема соодветни кандидати“

(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица

(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица