ГОЛЕМА РЕОРГАНИЗАЦИЈА ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР: Хоспитализирани 844 болни од ковид во болниците низ цела држава
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2020
До вчера во
земјава има 844 хоспитализирани пациенти болни од корона вирусот од 12.002 активни
случаи, но здравствените власти уверуваат дека се реорганизира работата во
Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје и дека со системот на ротации на лекарите
ниту еден пациент нема да биде оставен без здравствена грижа.
Со вкупно 160 пациенти на Инфективната клиника, веќе нема болнички кревети и во модуларната болница, а и дополнителните оддели во ГОБ „8-ми Септември“ каде доаѓаат исклучително тешки пациенти се веќе исполнети. Таму има 79 хоспитализации. Забрзано се пополнува и Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, кој веќе е пренаменет во ковид-центар, и каде што веќе има 30 хоспитализирани болни од корона вирусот. Во меѓувреме се подготвуваат интерните одделенија на Клиниката за дерматологија и Неврологија, во кои има централен довод на кислород. Тоа го најави уште минатата недела министерот Филипче, а во текот на вчерашниот ден директорот на Клиниката за пулмологија д-р. Дејан Докиќ изјави дека следни интерни одделенија кои ќе се пополнуваат со пациенти болни од Ковид-19, се токму тие две клиники.
-Следни се кожно и нервно каде ќе има 66 кревети за прием на ковид пациенти. Тие се одделени од амбулантите кои ќе продолжат со прегледите, секако со смалено темпо, но вакви специјалисти има во здравствените домови каде граѓаните ќе можат да добијат здравствени услуги, рече Докиќ.
Во меѓувреме, пак, вработените од Клиниката за Неврологија упатија писмо до министерот за здравство, Венко Филипче во кое наведуваат дека таму нема услови во кои ќе може да се лекуваат пациентите заразени со Ковид-19, поради сериозноста на болестите кои ги имаат нивните примарни пациенти, а кои боледуваат голем број невролошки заболувања.
Истовремено и неврологот и поранешен министер за здравство, д-р. Арбен Таравари за повеќе медиуми изјави дека одделите на таа клиника се целосно исполнети.
-Во оваа фаза на пандемијата има многу капацитети и внатрешни одделенија каде медицинскиот персонал е многу покомпетентен отколку на Неврологија. На ревматологија нема никој, во одделот за дерматолошки заболувања е празно, на Клиниката за пулмологија има само 3-4 пациенти. Клиниката за неврологија е една од најфреквентните, каде имаме акутни пациенти, пациенти со мозочни удари, како и пациенти со други сериозни невролошки заболувања, потенцираше Таравари.
Како и да е, Министерството за здравство ги уверува граѓаните дека целиот здравствен систем е во голема мобилизација и дека секој пациент на кој му е потребно лекување ќе го добие со сигурност. Министерот Филипче имаше состанок со директорите на клиниките, по што е најавено дека секоја клиника има капацитет да се трансформира во ковид центар, додавајќи 150 легла и 180 специјалисти со реорганизација на нивната работа за да ги покријат сите потреби на пациентите.
-Обезбедени се 150 болнички легла и кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, но нема да изостане и тековната работа со третман на пациенти на дневна основа кои не се ковид, велат од министерството.
Од вчера почнаа да се применуваат најновите антиковид мерки, односно затворање на угостителските објекти во 21 часот, како и забрана на групирања на повеќе од четворица на јавни места исто во 21 часот, а на последната владина седница беше укажано дека ако има потреба армијата ќе биде вклучена во обезбедување на болничките објекти.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.