16 Декември, 2025
0.0698

ГОЛЕМИОТ ЦИКЛОН КОЈ НАПРАВИ ХАОС ВО ЕВРОПА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Еве како ќе биде кај нас

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2024 06:30

Добивај вести на Viber

Големиот циклонски систем кој ја зафати Централна  и Источна Европа и направи многу проблеми во тој дел, а поради големите поплави однесе  и многу човечки животи, истиот сега се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, односно над југоисточна Европа, условуваќи многу нестабилно време со чести врнежи, но за среќа големи поплави  и проблеми со врнежите кај нас во Македонија не се очекуваат, вели метеорологот Славчо Попоски.

Сепак, и покрај ова, денес како и утре петок во попладневните часови овој циклонски систем во нашата Македонија ќе условува повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално пак ќе се развиваат конвективни грмотевични облаци од кои се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност. И во Скопскиот регион утре (четврток), како и во петок во попладневните часови ќе има појава на повремен локален дожд, додека во делови од регионот можни се поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и со засилување на ветерот.

Не се исклучува можноста, локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град. Но како што кажав, штети и некои големи поплави кај нас за среќа не се очекуваат. Секако мора да напоменам, доколку падне поголемо количество на воден талог за кратко време, поради тоа што очекуваме локален развој на грмотевични конвективни облаци, можно е да дојде  и до локални поројни поплавувања, но тоа би било многу далеку од она што се случи во Централна  и во Источна Европа, што значи место за паника од големи поплави во Македонија нема.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени., Во Скопје утре (четврток) како и во петок температурата ќе се искачи до околу 24 степени“, вели тој.



Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“