18 Декември, 2025
0.0379

Големиот обем на продажба придонесе за понатамошното зголемување на пазарниот удел на ОКТА

Објавено во: Мои пари 29 Август, 2016 11:10

Добивај вести на Viber

 

2 квартал 2016 2 квартал 2015 (Во милиони денари) 1 половина 2016 1 половина 2015
4,636 5,250 Приход од продажба 8,074 9,082
398 314 Бруто маржа 652 550
220 227 Оперативни трошоци 430 433
304 177 Прилагодена ЕБИТДА 433 243
162 151 Профит пред оданочување 179 118

          * Еднократните ставки се исклучени

Финансиските резултати за првата половина на 2016 година, и покрај понатамошниот пад на меѓународните цени во 2016 година, кои доведоа до помал приход од продажба, остварија рекордно висока профитабилност, како резултат на стабилното темпо на големиот обем на продажба на домашниот и на странскиот пазар, при тоа придонесувајќи кон континуираното зголемување на пазарниот удел.

Прилагодената ЕБИТДА, која ја отсликува оперативната профитабилност на компанијата, го достигна својот зенит изнесувајќи 433 милиони денари за првата половина од 2016 година, наспроти 243 милиони денари за истиот период минатата година. Главните двигатели за ваквите резултати се претходно споменатиот голем обем на продажба во комбинација со подобрувањата во трошоците и ефикасноста. Дополнително, резултатот ќе беше подобар за 37 милиони денари, доколку не постоеше разликата во трендот меѓу домашните малопродажни и меѓународните пазарни цени. Генерирајќи ги овие позитивни резултати, компанијата дополнително ја зацврсти својата позиција покривајќи ги планираните годишни капитални инвестиции како и исплатата на дивидендата, одобрена од Генералното собрание, поделена во јули 2016 година.

Свесна за своето влијание во општеството, ОКТА продолжува да биде присутна во областите каде што помошта е најпотребна. Во првата половина од 2016 година, општествено-одговорните активности на компанијата овозможија поддршка за локалната заедница, за социјално ранливите групи, како и за развојот на идните генерации. Постојано стремејќи се да ги задоволи барањата на своите потрошувачи, ОКТА спроведе програми кои ќе го зголемат задоволството на потрошувачите и ќе ја осигураат вредноста на своите производи и услуги.

Компанијата останува посветена на фер и транспарентната соработка со сите свои партнери, добавувачи и потрошувачи, со цел да осигура редовно и непрекинато снабдување со висококвалитетните горива на локалниот и на соседните пазари, додека продолжува да расте и да придонесува кон општеството.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка