19 Декември, 2025
3.2325

Големиот станбен комлекс „Космос“ повторно се гради од денеска!

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2012 15:12

Добивај вести на Viber

Компанијата инвеститор “ФИНЕ” денес со поставување на камен темелник го означи повторниот старт за изградбата на станбено деловниот комплекс КОСМОС, објави денеска главниот инвеститор на овој објект, пратеникот Фијат Цаноски. „ФИНЕ“ обелоденува дека станува збор за најголема домашна инвестиција во Македонија. чија вкупна вредност ќе изнесува 35 милиони евра. “Одобрението за градба го имаме, комуналиите се целосно платени и нашите планови се до крајот на идната година објектот да биде изграден. Постапивме по сите решенија и наредби од Општина Гази Баба и објектот го сведовме до бараното ниво. Останува неправдата која што ја претпи компанијата ФИНЕ од страна на Градоначалникот и неовлатената инспекторка, за што судските органи ќе го кажат својот збор. Штетата што ја утврдија еминентни домашни и странски вештаци преку своите експертизи изнесува над 35 милиони евра” -изјави Фијат Цаноски Со продолжување на изградбата на КОСМОС на работа се враќаат 300 луѓе кои ќе обезбедат егзистенција за своите семејства, се вели во соопштението од „ФИНЕ“. Инаку објектот КОСМОС беше урнат минатото лето од страна на градежната инспекција, поради како што беше тогаш речено, надминување на висинската точка на објектот за 1, 4 метри. Објектот тогаш беше во фаза на изградба, беше завршена половина од планираната конструкција. „ФИНЕ“ ја обвини Власта за бесправно уривање и почна судска постапка за докажување на легалноста на објектот. Цаноски, кој на изборите настапи во коалиција со СДСМ, тогаш ја обвини Владата за политички реваншизам.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот