ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА - цените на бензините рипаат за 2,5 денари, еве колку ќе поскапат останатите
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2024 13:27
Цените на нафтените деривати во Македонија ќе се зголемат и тоа по подолг период ќе видиме поголемо поскапување.
Како што соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика со најновата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 проценти во однос на претходната одлука.
- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,417 отсто, кај дизелот зголемувањето е за 3,508 проценти, кај екстра лесното масло исто има зголемувањето од 3,971 отсто и кај мазутот зголемувањето за 0,971 процент. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4032 отсто - се наведува во соопштението на РКЕ.
Од ноќеска по полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Еуросупер БС - 95 78 денари за литар
Еуросупер БС - 98 80 денари за литар
Еуродизел БС (Д-Е V) 70,50 денари за литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 денари за литар
Мазут М-1 НС 44,507 денари за килограм.
Со оваа одлука, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2,50 денари за литар.
Малопродажните цена на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,473 денари за килограм.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




