16 Декември, 2025
0.2058

Гончарук: Русија врши отворена агресија врз Украина!

Објавено во: Свет 05 Септември, 2014 18:45

Добивај вести на Viber

Според податоците на украинското разузнавање, на територијата на Донбас престојуваат 600 оклопни возила и повеќе од 200 тенкови, не сметајќи ја другата техника. Нивниот број постојано се зголемува, изјави за Фактор украинскиот амбасадор во земјава Јуриј Гончарук. Тој оценува дека согласност со „Планот Путин“ значи признавање на сецесијата на територијата на неговата земја. „Да се рече дека тековната ситуација на истокот на Украина е сложена, значи дека ништо не е кажано. Ситуацијата е опасна, бидејќи широката примена на руските вооружени сили се заканува со префрлување на борбените дејствија надвор од границите на Донбас.  Најпосле светот треба да разбере дека тоа не е внатрешен конфликт, туку конфликт меѓу Украина и Русија, кој порано се одвиваше во други форми. Милитантите се само инструмент на Москва. Кукларите (оние што ги влечат конците) седат во Кремљ. Но, за жал токму од нивниот здрав разум зависи прекинот на огнот. Присутност на такво нешто во моментов кај нив не се забележува, но затоа синдромот на безгрешност е присутен. Ако се согласиме со „планот на Путин“, значи го губиме Донбас. Но,тоа не значи дека Русија ќе запре, бидејќи нејзината цел е очигледна – да создаде простор за понатамошна офанзива. Чехословачка ја даде Судетската област, а по шест месеци германските војски влегоа во Прага”, вели Гончарук во интервју за Фактор, кое во целост ќе го објавиме утре. Во интервјуто тој одговара и на прашањата дали Украина ќе стане членка НАТО и дали конфликтот со Русија ќе доведе до прераспределба на геостратегијата околу енергетската зависност на Европа од политиката на официјален Кремљ.

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“