17 Декември, 2025
0.0388

Горан Милевски најави дека ако власта го прифати францускиот предлог, ЛДП ќе ја напушти Владата

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2022 16:31

Добивај вести на Viber

Либерално демократската партија (ЛДП) ќе ја напушти Владата ако власта го прифати францускиот предлог за кревање на бугарското вето. 

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски вели дека се разочарани и дека за вакви предлози требало да има комуникација меѓу партиите. 

„Ако тие мислат дека не сме важен фактор, тогаш се излажале. Ако Владата го прифати овој предлог, моето место нема да биде во таква Влада. Не можам да седам со луѓе кои не го почитуваат моето мислење. Не можам да прифатам цела историја, која сме ја учеле во основно и средно, да се измени и да кажеме дека е лажна, дека ни ја наметнале комунистите. Сега Бугарија сака да ни наметнува друга историја, за Самоил, Кирил и Методиј и останатите и да каже дека тие се Бугари“, вели Милевски.

За ЛДП, Демократскиот сојуз и ДОМ овој предлог не е прифатлив. ВМРО-ДПМНЕ побара власта да го отфрли предлогот, а Левица побара да прекинат преговорите со Бугарија. 

БГНЕС го објави протоколот според кој на спомениците треба да стои дека Цар Самуил е „бугарски“. 

Францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и РС Македонија се состои од три независни елементи кои можат само целосно да одговорат на прашањето дали Македонија е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ, јави известувачот на БГНЕС.

Пред свикувањето на Првата меѓувладина конференција, Скопје се обврза да ја усвои веќе усвоената формулација од Заедничката историска комисија во врска со цар Самуил како бугарски крал, веднаш менувајќи ги знаците и натписите на неговите споменици во земјата и на Самуиловата тврдина во Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели