ГОРАН МИЛЕВСКИ ОД ЛДП: Не може да се прејудицира кој ќе победи за лидер на СДСМ, се надевам дека овој пат ќе имаат повеќе од еден кандидат
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2021
Малите партии кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ бараат од лидерот на партијата Зоран Заев да им ги соопшти деталите од средбата со Алтернатива, за што конкретно е разговарано и што му е понудено на Африм Гаши. Бараат и информација кој ќе биде нов лидер на партијата и мандатар на новата Влада, јави телевизија Телма.
„Засега не сме имале средба, можеби утре?“, изјавил претседателот на ДС, Павле Трајанов.
ЛДП ќе го чека исходот во вторник.
„Не сме имале средба, ниту комуникација за овие теми. Ако е демократски изборот на нов претседател на СДСМ, однапред никој не би можел да прејудицира кој ќе победи. Само овој пат се надевам дека ќе имаат повеќе од еден кандидат за лидерската функција“, изјавил Горан Милевски од ЛДП за Телма ТВ.