19 Декември, 2025
0.0875

Горан Трајковски си поднесе оставка откако Владата му изврши притисок

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2019 09:55

Добивај вести на Viber

Првиот човек на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, си поднесе оставка откако Владата му „испрати сигнал“ дека тоа го очекува од него. Претходно , на владина седница не беше прифатен годишниот извештај на оваа институција и беше оценет како незадоволителен. Инаку Трајкјовски е познат по тоа што беше директор на Управата за јавни приходи за време на претходната владеачка гарнитура, односно кога министер за финансии беше Зоран Ставрески.

Тој ја доставил оставката до Собранието во петокот и образложил дека си заминува од лични причини. Функцијата ја напушта на година и пол дена пред да му истече мандатот.

–Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на личните податоци силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и истите согласно најдобрите европски практики во областа на заштитата на личните податоци знаеме и можеме да ги поставиме согласно европските вредности, пишува меѓу другото во оставката.

Трајковски ја раководи Дирекцијата за заштита на личните податоци од 2016 година.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот