19 Декември, 2025
0.0427

Гордан Георгиев: Судството суди по инерција, СЈО под влијание на геополитиката

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2018 13:29

Добивај вести на Viber

Гордан Георгиев, политиколот и поранешен пратеник и партиски функционер на СДСМ, во својата прва колумна за Дојче Веле вели дека во моментов јавноста премногу ги осудува политиките на премиерот Зоран Заев додека молчела за „потешки“ дела во времето на Никола Груевски. Меѓудругото, вели дека судството во Македонија најверојатно никогаш нема да го достигне она што се очекува од истото.

„И ајде да бидеме реални, за да се обидеме да го побараме невозможното. Правда во оваа држава нема да има, барем не како што сме ја замислувале или посакувале. Ќе има привидна правда, мачкање очи и смирување на разбуричканите совести. Судството не е реформирано и по папагалска инерција ја спроведува правдата чија номинална цел е да донесе мир и евентуално помирување. Судството е се’ уште моќна алатка во рацете на политичките елити кое исто така има своја работа да заврши, пред да се реформира или најверојатно расформира. Сиве овие работи ми изгледаат како некакви закономерности, природни процеси на одумирање и раѓање. Секој мора да си ги плати гревовите. Секој е учесник во оваа демонска игра со државата. Дури и СЈО, тоа посакувано островче на непокорената правда, исто така се чини дека потонува под налетот на геополитиката. Во оваа држава господари на нашите животи сѐ уште се врвните носители на политички функции, од двете страни на барикадите. Секој од нив држи по некоја „банка“ и секој од нив има одреден број на чипови со кои калкулира, блефира, фолдира или влегува олин. Распоредот на силите е очигледно пата-пата. Еднаков број на едни граѓани мразат еднаков број на други граѓани. Што му преостанува на еден премиер освен да калкулира со расположивата логистика и да се обиде да го истурка она што го намислил или она коешто однапред му е трасирано како пат?“, напиша Георгиев во дел од својата колумна за ДВ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот