Гори кај Тумчевиште, а под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско
Објавено во: Македонија 22 Август, 2025 19:42
Активен е пожарот кај селото Тумчевиште, а под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско.
Само еден активен пожар има вечерва во земјава и тоа кај селото Тумчевиште, во Општина Врапчиште, информираат од Центарот за управување со кризи. Под контрола денеска до 18:30 часот се ставени три пожари, а изгаснати се 11.
Под контрола се ставени пожарите во Јасен, Општина Македонски Брод каде гореше мешана шума, како и во селата Беловодица во местото викано Ливада и селото Лењиште (букова шума) и во селата Стровија и Долгаец (мешана шума).
Изгаснати се пожарите во:
1. Општина Сопиште: кај Брана Езеро Козјак (ниска вегетација и шума);
2. Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица планински врв Китка (мешана шума);
3. Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума);
4. Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација);
5. Општина Велес: с. Клуковец (ниска вегетација);
6. Општина Росоман: с. Дебреште (ниска вегетација);
7. Општина Кавадарци: с. Брушани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: с. Кутретино (депонија);
9. Општина Битола: м.в. Тепсија (ниска вегетација);
10. Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: во близина на Болница во Гостивар (ниска вегетација).
фото ДЗС
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




