19 Декември, 2025
0.0472

ГОРИ НА ДЕСЕТИНА ЛОКАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА - пожарникарите и понатаму се борат со пламените јазици, испратена помош од ЕУ

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2025 13:40

Добивај вести на Viber

Десетина пожари и понатаму се активни на територијата на Македонија, според последните информации од Центарот за управување со кризи. Како што е објавено на нивниот профил на Фејсбук, до 12:30 часот, имало вкупно 14 пожари на отворен простор. 
Притоа, активни се четири пожари и тоа во:

Општина Дојран: село Николич каде гори нискостеблеста шума,

Општина Чашка: под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар)

Општина Куманово: местото Преовце-Куманово (ниска вегетација)

Општина Старо Нагоричане: с. Ругинце (ниска вегетација). 

- Под контрола се шест пожари, и тоа општина Македонски Брод : с. Рамне – с. Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков). Како и село Слатина (мешана шума) и кај Слатински извори (нискостеблеста мешана шума). Исто така во општина Македонски Брод : во кругот на фабриката СУМБРО (ниска вегетација), но и помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки). Уште еден пожари има и во општина Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар). 

Локализирани се пожарите во Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (приземен во мешана шума) и општина Свети Николе: с. Делисинци (ниска вегетација, стара напуштена куќа). Додека изгаснати во ппштина Чучер Сандево: црквата Свети Тројца (ниска вегетација) и општина Македонски Брод: с. Белица (нискостеблеста шума). 

Заменик директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов пак објави дека за потребите на граѓаните на село Николич, Дојран на располагање имаат медицинска екипа, доколку почуствуваат некакви тегоби поради чадот од пожарот. 

-  Денеска, во периодот од 18 до 20 часот, пред продавницата "БР-МАРКЕТ" во село Николич ќе имате на располагање комплетна медицинска екипа на ЈЗУ ГЕВГЕЛИЈА!

Сите граѓани кои чуствуваат печење на очите, отежнато дишење или било какви други промени на нивната здравствена состојба или што и да е нека се јават на преглед!

Остануваме на располагање за сите Ваши потреби и барања кои ќе произлезат!!! - напиша Михаилов. 

Во меѓувреме пристигна инфорамција дека Европската унија доби барање од Скопје за помош во справување со пожарите, со што македонските власти го активираа Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, информира портпаролката на Европската комисија за подготвеност Ева Хрнцирова. 

- Како одговор, Центарот за координација на итни интервенции (ЕРЦЦ) мобилизираше два авиони од „РескЕУ“ од Грција да се распоредат во погодениот регион за брза интервенција - изјави Хрнцирова. 

Таа додаде дека овие авиони за гаснење пожари се однапред распоредени на југот на Европа во пресрет на летната сезона за да можат веднаш да дејствуваат ако е потребно. 

„РескЕУ“ претставува надградба на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со цел дополнителна заштита на граѓаните од катастрофи и за справување со новите ризици. Тој е основан како стратешка резерва на европските капацитети за одговор на катастрофи, целосно финансиран од ЕУ.  

„РескЕУ“ се состои од флота од авиони и хеликоптери за гаснење пожари, авион за медицинска евакуација и основни резерви, кои вклучуваат теренски болници, транспортни средства, генератори, шатори, медицински материјали и опрема за одговор на хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни вонредни состојби. 

Фото: Архива

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата