ГОРИВАТА СО НОВИ ЦЕНИ - Бензин ќе се точи поевтино од претходно
Објавено во: Економија 19 Јуни, 2023
Горивата по полноќ ќе имаат нови цени. Регулаторната комисија за енергетика со последната одлука ги намалува малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 отсто во однос на претходната одлука.
- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,464 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,323 проценти, кај екстра лесното масло исто така се регистрира зголемување за 0,415 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 2,623 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,819 проценти - соопштуваат од РКЕ.
Со последната одлука,малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 денар за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,029 денари за килограм.
Од 20.6.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,029 (денари/килограм)
Ова се максималните цени на нафтените деривати кои ќе важат по полноќ, однсоно од 20.6.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.