23 Ноември, 2024
0.1319

ГОСТИВАР, КИЧЕВО, СТРУГА И БИТОЛА ИЗГУБИЛЕ ПО ЦЕЛ ЕДЕН „МАЛ“ ГРАД - скопските општини генерално пораснале - ПОПИС 2021 ГОДИНА

Објавено во: Македонија 31 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Податоците од најголемата статистичка операција во земјава вчера беа објавени од Заводот за статистика, а покрај податоците за тоа колку проценти има Македонци и Албанци, колку христијанско, а колку муслиманско население, и колку има резиденти и нерезиденти, како и бројните политички реакции за објавените резултати, Фактор направи анализа за тоа какви биле промените за период од 19 години во поголемите градови во земјава, но и во скопските општини.

Како споредбена основа ги користевме податоците од претходно спроведениот попис од 2002 година, врз основа на преброеното резидентно население во земјава.

Главниот град на земјава Скопје има зголемување за околу 20 илјади жители. Или, ако во 2002 година сме имале 506.926 скопјани, сега таа бројка се искачила на 526.502 граѓани на метрополата, што значи дека има зголемување за точно 19.576 жители.

Како стојат работите во скопските општини?

Аеродром е скопска општина во која се зголемил бројот на граѓани за близу 6.000 лица, или, од 72.009 колку што биле во 2002 година, во 2021 тие биле 77.735, што значи дека зголемувањето е за точно 5.726 граѓани.

Бутел, пак, има само мал број на дополнителни граѓани за овие 19 години, или, од 37.371 во 2002, сега има 37.968 бутелчани, или бележат зголемување за точно 597 лица.

Гази Баба не само што нема зголемување, туку има и намалување за околу 3.000 лица, така штоп бројот на жители во таа општина сега е 69.628, наспроти 72.617 во 2002 година.

Ѓорчепетровци, пак, се зголемиле како население, за околу 3.000, или, од 41.634 лица пред 19 години, сега се 44.844 жители.

И во Карпош пораснал бројот на граѓани. Таму сега живеат 63.760 лица, што е пораст за над 4.000 граѓани во споредба со 19 години претходно.

Кисела Вода исто така го зголемила бројот на своите жители, достигнувајќи сега 61.965 граѓани, или има пораст за близу 5.000 граѓани во таа скопска општина.

И Сарај бележи зголемување на бројките за околу 3.000 лица, така што сега во таа општина живеат 38.399 граѓани.

Затоа, пак, во Центар се намалил бројот на граѓани, па со 43.893 граѓани според најновиот попис од 2021 година, Центар забележал пад за околу 1.500 граѓани.

Намалување има и во Чаир, за над 2.000 граѓани, така што сега нивниот број изнесува 62.586  жители.

Затоа во Шуто Оризари има зголемување за близу 5.000 граѓани, па сега таму живеат 25.726 лица.

Ова значи дека од скопските општини, бројот на жители ги зголемил Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, и Шуто Оризари, додека, пак тие се намалиле во Гази баба, Центар и Чаир.

Една општина која не е скопска, но е во близината на Скопје, е Арачиново, и таму има пораст на жителите за околу 1.000, па сега нивниот број е 12.676.

Како се изменила ситуацијата во поголемите градови во земјава, Фактор анализира врз основа на споредба на бројките сега и оние од претходниот попис. Во сите поголеми градови се намалил бројот на жители, покажува нашата анализа.

Но, предничат Гостивар, Кичево, Струга и Битола, кои изгубиле по цел еден мал град во однос на претходниот попис од 2002 година.

Според последниов попис, во Битола сега живеат 85.164 граѓани, наспроти 95.385 во 2002 година, што значи дека за 19 години градот на конзулите има намалување за над 10.000 граѓани.

И Велес регистрирал пад, сега тој брои 48.463 жители, што во однос на 2002 е намалување за 6.645 граѓани.

Она што е фрапантно, е колку се намалил бројот на населението во Гостивар. Па така, овој град пред 19 години имал 81.042, а сега само 59.770 лица, што значи дека бројот на жители се намалил за над 21.000 граѓани.

Неочекувано, ама и кавадарчани се „изретчиле“. Таму сега има 35.733 жители, што е за 3.000 жители помалку во однос на пред 19 години. Во Кочани, пак, има уште подрастичен пад на бројот на жители. Таму сега живеат 31.602 лица, што е минус за близу 6.500 граѓани.

Големото Куманово, сега е исто така помало отколку пред 19 години. Тогаш имало над 100 илјади жители, или 105.484, но сега се спушти под стотката, на 98.104 кумановчани, што значи дека има пад за близу 7.400 граѓани.

И прилепчани се намалиле во споредба со 2002 година, сега се 69.025 граѓани, или се помалку за над 7.700 граѓани.

Убавиот Охрид сепак не можел да ги задржи сите свои жители низ годините. Сега се 51.428, намалени за над 4.300 граѓани.

Драстичен пад на бројот на жители има и во Кичево, од 56.739, тие се намалиле на 39.666, што е пад за над 17 илјади, што е огромен пад за вака мала градска средина.

И Струга има голем минус, сега се 50.980 стружани, или падот за 19 години изнесува над 12.000 граѓани.

Струмица исто така влегува во редот на општини чии број на жители се намалил, па сега се изброени близу 50 илјади или точно 49.996 струмичани, или има намалување за околу 4.700 жители.

Тетово има пад, но во споредба со другите градови тој воопшто не е толку драматичен. Со последниот попис се изброени 84.770 граѓани на тој град, што е намалување за нецели 2.000 граѓани.

И во Штип, исто така има пад, сега се 44.866 штипјани, што во однос на 19 години претходнио е намалување за безмалку 3.000 граѓани.

Нина Нинеска-Фиданоска 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип