ГОСТИВАР НЕ БЕШЕ НИШТО: Доаѓа уште поголемо невреме!
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2023 07:28
Македонија во текот на вчерашното попладне беше зафатена од НЕВРЕМЕ, кое особено во Гостиварскиот регион услови и ПОПЛАВИ. Локални поплавувања имаше и на другите места низ Македонија, а градот кој паѓаше во делови од Македонија беше со голема на лешник.
До првите денови од месец јуни, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и ТОПЛО со сончеви периоди.
Од пладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во Атмосферата локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Во следниот период повторно очекуваме ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ врнежи, и локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 60 – 70 л/м2), со што постои опасност од локални ПОПЛАВИ.
Апелираме граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Во Скопје и околината исто така понатаму ќе има честа појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ.
Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.
Нема никаква најава за поизразен топлотен Африкански бран како што доликува за овој период од годината, и за истиот и понатаму ќе се изначекаме,вели метеорологот Попоски.
ГОСТИВАР НЕ БЕШЕ НИШТО: Доаѓа уште поголемо невреме!
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




