19 Декември, 2025
0.0380

Гра­деж­ни­от ха­ос се лиз­на на Вод­но

Објавено во: Анализа 12 Јули, 2012 15:28

Добивај вести на Viber

Ми­шко ИВА­НОВ По­пу­шта­ње­то на пот­пор­ни­от ѕид на Вод­но, на ули­ца­та Сал­ва­до­ре Аљен­де, во бли­зи­на на хо­тел „Па­но­ра­ма“ во Скоп­је, ги до­ве­де во опас­ност две­те згра­ди на кои е заг­ла­вен пот­пор­ни­от ѕид, но и дру­ги­те окол­ни згра­ди и ку­ќи би­деј­ќи оста­на­ти­те пот­пор­ни ѕи­до­ви во тој ред се сил­но оп­то­ва­ре­ни. На ме­сто­то на на­ста­нот вче­ра со ка­ми­о­ни се но­се­ше зем­ја за да се спре­чи да се ур­не рас­пу­ка­ни­от ѕид, кој е на са­мо пе­де­се­ти­на ме­три од тој што е ве­ќе це­лос­но сру­шен. По­ли­ци­ја го обез­бе­ду­ва ме­сто­то и не доз­во­лу­ва да се сни­ма де­лот од ѕи­дот зад згра­да­та, дел за кој гра­ѓа­ни­те ка­жу­ва­ат де­ка е комп­лет­но раз­ру­шен. Гра­деж­на инс­пек­ци­ја од Оп­шти­на Цен­тар вче­ра ги утвр­ду­ва­ше при­чи­ни­те и ви­на­та за пу­ка­ње­то на ѕи­дот ви­сок 15, а долг 50 ме­три, ме­ѓу две згра­ди на ули­ца­та Сал­ва­дор Аљен­де на Вод­но во Скоп­је. Де­та­ли­те за по­стап­ка­та и од из­вр­ше­ни­от увид сè уште не се поз­на­ти. Ми­ни­стерс­тво­то за транс­порт и вр­ски ја пре­фр­ла од­го­вор­но­ста за ин­ци­ден­тот на Оп­шти­на Цен­тар. Да­ли овој слу­чај ја отво­ри пан­до­ри­на­та ку­ти­ја за тоа кој, ка­ко и што сè се гра­ди во Ма­ке­до­ни­ја. Се по­чи­ту­ва­ат ли стан­дар­ди­те или ку­ќи­те и згра­ди­те се пра­ват со бе­тон со ми­ни­ма­лен ква­ли­тет? На­уч­на­та јав­ност сме­та де­ка се пра­ват мал­вер­за­ции ду­ри и со же­ле­зо­то, а над­зо­рот е са­мо фи­кти­вен. До­маш­на­та екс­перт­ска јав­ност ве­ли де­ка во зем­ја­ва ни­кој не кон­тро­ли­ра што и ка­ко се гра­ди. За оваа со­стој­ба е ви­нов­на др­жа­ва­та, ко­ја не про­пи­ша­ла стро­ги стан­дар­ди за град­ба и не ги каз­ну­ва­ла тие што не ги по­чи­ту­ва­ат про­пи­си­те и ја за­гро­зу­ва­ат без­бед­но­ста на дру­ги­те. До­де­ка во Евро­па стан­дар­ди­те за град­ба ста­ну­ва­ат сè по­ри­го­роз­ни, кај нас во­оп­што не по­сто­јат, ко­мен­ти­ра­ат екс­пер­ти­те, но не са­ка­ат јав­но да збо­ру­ва­ат. Пос­лед­ни­ве пет­на­е­се­ти­на го­ди­ни во Скоп­је и во Ма­ке­до­ни­ја се гра­ди ма­сов­но, но ни­кој не во­ди гри­жа ни­ту, пак, кон­тро­ла на се­из­мич­ка­та си­гур­ност и за без­бед­но­ста на из­гра­де­ни­те об­је­кти. - Кај нас мно­гу ре­тко ин­ве­сти­то­рот до­а­ѓа на ре­ви­зи­ја на про­е­кти­те. Од 1964 го­ди­на, отка­ко се вне­се­ни про­пи­си­те за се­из­мич­ко про­е­кти­ра­ње, ин­же­не­ри­те не мо­жат да ги из­бег­нат и се­из­мич­ки­те си­ли. Но, пра­ша­ње е кол­ку пра­вил­но ги вмет­ну­ва­ат. Око­лу пет про­цен­ти до­а­ѓа­ат на ре­ви­зи­ја на про­е­ктот. Во пос­лед­но вре­ме, единс­тве­но Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство ба­ра мис­ле­ње од нас и по­не­ко­гаш Вла­да­та за одре­де­ни про­е­кти - ве­ли за „Ден“ Ми­ха­ил Га­рев­ски од Ин­сти­ту­тот за зем­јо­трес­но ин­же­нерс­тво и ин­же­нер­ска се­из­мо­ло­ги­ја (ИЗИС), об­јас­ну­вај­ќи де­ка ако ин­ве­сти­то­рот се при­др­жу­ва до пра­ви­ла­та и до стан­дар­ди­те, не би тре­ба­ло да има проб­ле­ми. Спо­ред не­го че­сто се слу­чу­ва да по­тфр­ли бе­то­нот, од­нос­но да го не­ма по­треб­ни­от ква­ли­тет. - Изг­ле­да де­ка ние има­ме мно­гу фа­бри­ки за бе­тон, но кол­ку се тие кон­тро­ли­ра­ни не знам. Исто та­ка, не знам ни кол­ку се те­сти­ра ар­ма­ту­ра­та - ве­ли Га­рев­ски. На­уч­на­та јав­ност твр­ди де­ка ов­де не се вр­ши ни­ту со­од­ве­тен тех­нич­ки при­ем на но­ви­те об­је­кти за вре­ме на кој би се откри­ле не­ре­гу­лар­но­сти на град­ба­та, а над­зо­рот врз из­ве­ду­ва­ње­то е пре­пу­штен на при­ват­ни фир­ми, кои ги пла­ќа са­ми­от ин­ве­сти­тор. За си­гур­но­ста на об­је­ктот, не са­мо во од­нос на се­из­ми­ка­та, ту­ку и во од­нос на про­тив­по­жар­на­та за­шти­та и во од­нос на кон­тро­ла­та на ква­ли­те­тот на бе­тон и на дру­ги­те ма­те­ри­ја­ли што се вгра­ду­ва­ат во об­је­кти­те, ни­кој не во­ди сме­тка. Сè е оста­ве­но на ин­ве­сти­то­рот, кој во тр­ка­та за про­фит ги за­не­ма­ру­ва овие ра­бо­ти, ко­мен­ти­ра­ат екс­пер­ти и до­да­ва­ат де­ка ко­ри­стеј­ќи го без­за­ко­ни­е­то и ла­ба­ва­та кон­тро­ла, ин­ве­сти­то­ри­те ку­ќи­те и згра­ди­те ги пра­ват со бе­тон со ми­ни­мум ква­ли­тет, се пра­ват мал­вер­за­ции ду­ри и со же­ле­зо­то, а над­зо­рот е са­мо фи­кти­вен. СДСМ: Жи­во­тот на лу­ѓе­то е по­ва­жен од биз­нис-здел­ки­те на ВМРО-ДПМНЕ Се от­ста­пу­ваa ли дел од ши­ри­на­та на за­штит­ни­от по­јас во ко­рист на при­ват­ни ин­ве­сти­то­ри за­ра­ди биз­нис-ин­те­ре­си на оли­гар­хи­ја­та на ВМРО-ДПМНЕ? Оче­ку­ва­ме од­го­во­ри од над­леж­ни­те ин­сти­ту­ции за тоа чи­ја е од­го­вор­но­ста за овој на­стан, ка­ква е уло­га­та во оваа тра­ге­ди­ја на Оп­шти­на Цен­тар и на неј­зи­ни­те пр­ви лу­ѓе, кои не во­деј­ќи сме­тка за жи­во­ти­те на гра­ѓа­ни­те из­гра­ди­ле, од­нос­но доз­во­ли­ле из­град­ба на пот­по­рен ѕид кој пук­на ка­ко кар­тон и ги за­гро­зи жи­во­ти­те на лу­ѓе­то. Пра­шу­ва­ме и ка­ква е од­го­вор­но­ста на од­го­вор­ни­те ли­ца во Оп­шти­на Цен­тар што го ур­ба­ни­зи­ра­ле овој по­јас на Вод­но и из­да­ле со­од­вет­на гра­деж­но-тех­нич­ка до­ку­мен­та­ци­ја. Ка­ква е од­го­вор­но­ста на сопс­тве­ни­кот на имо­тот, „ЦМД Ко­минг“, и ми­ле­ник на биз­нис-оли­гар­хи­ја­та на ВМРО ДПМНЕ, Пе­тар На­у­мов­ски? Има ли по­вр­за­ност на поз­на­ти­от биз­нис­мен Алек „Те­ра но­ва“ и на не­го­ва­та фир­ма „Ди­ве­лоп груп“ во це­ла­та оваа ра­бо­та?, пра­ша Ан­дреј Пе­тров, ге­не­ра­лен се­кре­тар на СДСМ. ДОМ ба­ра за­пи­ра­ње на спор­ни­те ур­ба­ни­стич­ки пла­но­ви Се по­ка­жа де­ка со аро­ган­ци­ја­та на ка­пи­та­лот не мо­же да се пот­чи­ни при­ро­да­та. Неј­зи­ни­от удар мо­же да би­де мно­гу си­лен и без­ми­ло­сен. Крај­но вре­ме е да за­пре­ме и да поч­не­ме да ги по­чи­ту­ва­ме при­род­ни­те за­ко­ни­то­сти. За­тоа од ДОМ по­ви­ку­ва­ме на ит­но сто­пи­ра­ње на до­не­су­ва­ње на спор­ни­те ур­ба­ни­стич­ки пла­но­ви. Ит­но да се пре­ис­пи­та­ат да­де­ни­те доз­во­ли за град­ба на си­те об­је­кти што се на­о­ѓа­ат на па­ди­ни­те на Вод­но. Да за­прат си­те актив­но­сти во про­це­сот на град­ба на об­је­кти­те кои не ги ис­пол­ну­ва­ат стан­дар­ди­те и не се со­од­вет­ни со кон­фи­гу­ра­ци­ја­та на те­ре­нот. Ит­но да се пре­зе­мат актив­но­сти за са­ни­ра­ње на на­ру­ше­ни­от про­стор на Вод­но и по­втор­но по­шу­му­ва­ње на исти­те. Ко­неч­но да се по­ста­ви гор­на­та гра­ни­ца на ур­ба­ни­за­ци­ја на пла­ни­на­та, за оп­што до­бро на си­те гра­ѓа­ни на Скоп­је, ве­лат од ДОМ.  

Можеби ќе ве интересира

Историски отворени врати за членство во ЕУ, но „вратарот“ не попушта

Историски отворени врати за членство во ЕУ, но „вратарот“ не попушта

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет

Слаб обвинител силна власт - По што ќе се памети Љупчо Коцевски

Слаб обвинител силна власт - По што ќе се памети Љупчо Коцевски

Битка на резолуции за мигрантите - Кога СДСМ сака да биде поголемо ВМРО од Белата палата

Битка на резолуции за мигрантите - Кога СДСМ сака да биде поголемо ВМРО од Белата палата

Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max

Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max

Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување

Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување