Град Скопје реагира за Менковски: Не е избркан, ќе оди во пензија
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2016
По вчерашните информации дека командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Благоја Менковски е разрешен после 17 години верна работа, со реакција се јавија од Град Скопје.
„Во јавноста се пренесе информација како господинот Менковски да е избркан од Противпожарната бригада на Град Скопје, што не е точно. Менковски има уште 1 година и неколку месеци до пензионирањето и со него е разговарано на оваа тема, се вели во реакцијата.
„Градот Скопје му благодари на Благоја Менковски за пожртвуваната работа и за сите негови ангажмани и успеси во извршувањето на неговата хумана должност - заштита на граѓаните на Скопје и на нивните имоти од пожар. Градот Скопје сака да нагласи дека Менковски ќе остане во Противпожарната бригада на Град Скопје на местото заменик-командир на ППБ, до неговото пензионирање и заедно со новиот командир ќе работи на заштита на граѓаните и нивните имоти од пожар, како и досега, и ќе ги пренесува стекнатите искуства на помладите колеги“, додаваат од Градот.