Град во соседството ќе влезе во црна корона зона
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 15 Ноември, 2020
Градот Белград наскоро може да влезе во црна корона зона.
Состојбата е критична, а болниците се полнат.
„Секој ден имаме меѓу 1.000 и 2.000 заразени со коронавирусот“, откри пред неколку дена д-р Предраг Кон, член на Кризниот штаб за борба против ковид-19, со што ги загрижи граѓаните на главниот град, пишува „Блиц.рс“.
Имено, во Белград, веќе една недела, се регистрираат повеќе од 1.000 нови инфекции на дневна база, а од почетокот на епидемијата, експертите посочуваат дека реалната бројка е од пет до десет, а според некои дури и 20 пати поголема, затоа што има многу асимптоматски случаи.
Кон вчера порача дека секој треба да преземе мерки мерки, и државата и поединецот, но време за чекање нема.Во Србија се врати полицискиот час, како и во повеќето земји од регионот, со цел да се запре ширењето на вирусот.
Д-р Мирсад Џерлек, државен секретар во Министерството за здравство, за српските медиуми изјави дека може да се очекува влошување на состојбата во следните седум дена. Вчера бројката на заразени се приближи кон 4.000. Се очекува бројките да достигнат и до 5.000 дневно.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.