20 Мај, 2024
0.0318

ГРАДЕЖНАТА „БАУЕР БГ“ УБАВО СЕ „ОМРСИ“ ТОЧНО ПРЕД НОВА ГОДИНА - еве за што првично доби 2,3 милиони евра од владината СОЗР

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Градежната компанија „Бауер БГ“ предновогодишно си инкасираше солидни два милиони евра државни пари, или попрецизно кажано од владината Служба за општи и заеднички работи.

Како што покажува платформата Отворени финансии, Бауер БГ точно на 29 декември лани добиле одлична исплата од СОЗР на сума од близу 126 милиони денари, што е рамно на 2,05 милиони евра.

Претходно Службата за општи и заеднички работи и исплатила на оваа градежна фирма многу помал износ, односно 255 илјади евра, или тоа значи дека заеднички во декември Бауер БГ инкасирале 2,3 милиони евра од СОЗР.

Во претходните месеци, пак, платформата Отворени финансии нема регистрирано трансфери на пари од Службата за општи и заеднички работи до компанијата Бауер БГ.

Како што објави Фактор на крајот на април во изминатава 2023 година, Владината служба за општи и заеднички работи склучи договор со Бауер БГ, тежок 5,7 милиони евра, односно близу 406 милиони денари, за реконструкција на Палатата АСНОМ, односно поранешната зграда на Комерцијална Банка.

Ова значи дека на компанијата и е исплатена повеќе од една третина од сумата предвидена со тој договор.

Инаку, со догворот беше предвидено дека реконструкцијата треба да заврши за три години. Како што веќе пишувавме, оваа зграда е во сопственост на Владата, а пред три години таму изби пожар, и поради тоа неколку државни институции требаше да се преселат во други простории.

„Објектот кој е познат во јавноста како старата зграда на Комерцијална Банка - Скопје пред реконструкцијата го користеа неколку државни институции, односно Секретаријатот за европски прашања, МИА, како и Инспекторатот за животна средина. По завршувањето на реконструкцијата, Владата ќе донесе одлука кои институции ќе ги користат реконструираните простории на објектот“, ни одговорија тогаш од Владата на прашањето кои институции во иднина ќе го користат овој објект.

Според договорот, Бауер БГ работи на рушење и демонтажа, монтирање, изолирање, ѕидарски и фасадерски работи, осветлување, електрична инсталација, лимарија, водовод, вентилација, противпожарна вентилација итн.Инаку, покрај Бауер БГ, понуди доставиле и Жикол, АК-ИНВЕСТ и Штрабаг. 

А, Бауер БГ во декември доби солиден износ и од уште една друга државна институција, а таа е Агенцијата за храна и ветеринарство. Таа, исто така на 29 декември и исплатила 503 илјади евра на Бауер БГ. 

Тоа е една од многуте исплати кои оваа државна институција ги има направено кон градежната компанија, а кои се по основ на договорот склучен во март 2022 година, на сума од осум милиони евра, за изградба на нова административна зграда со лабораториски простории.

Зградата се гради во Општина Аеродром, а цената на договорот е 515.202.937 денари. Според договорот тогаш, изградбата требало да заврши за две години, а исплатата да се врши месечно според сработеното, без авансно плаќање.

Компанијата Бауер БГ во периодот од 2011 година до првата половина на 2014 година градеше најинтензивно преку јавните набавки, а од сите државни институции и општини со кои работела инкасирала договори вредни 30,8 милиони евра. Учествуваше во изградбата на објекти од проектот „Скопје 2014“. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра