22 Ноември, 2024
0.0462

Градежниците слават: Уставен суд го укина мораториумот за градење во Центар

Објавено во: Македонија 04 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Градежниците „слават“ по одлуката на Уставниот суд со која е укината одлуката за забрана за градба на територијата на Општина Центар. Со ова практично е укинат мораториумот за градба во оваа општина донесен во декември 2017 година кога практично беше запрена реализацијата на деталните урбанистички планови на териоторија на општината. Станува збор за 31 план, а за одлуката за мораториум градежните компании имаа низа забелешки. 

„Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27 март 2019 година и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука“, се вели во соопштението на Уставен суд.

Одлуката за мораториум на градежните активности на територијата на Општина Центар ја донесе Советот на 27 декември 2017, кога беше запрена реализацијата на 31 детален план.

Инаку Уставниот суд во декември повторно донесе времена мерка за укинување на мораториумот за градба во општина Центар. Тогаш градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ рече дека за десет дена ќе почне постапка за суспендирање на дел од нелегалните урбанистички планови.

Мартин Пановски, поранешниот претседател на Асоцијацијата на архитекти тврдеше дека мораториумот во Центар предизвикал кампања дека градењето е криминал. 

„Ова е непоправлива штета за државата која мораториумот спроведен на ваков начин ја направи. Сега на потег е Централната власт да се справи со оваа тешка задача и да ја смени таа слика, бидејќи се надевам им е јасно дека не може економски да опстанеме со ваква политика, изјави тогаш Пановски.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска