19 Декември, 2025
0.0424

Градинка во Прилеп чека 15 месеци да биде ставена во употреба

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2023 14:50

Добивај вести на Viber

Основата на детската градинка во прилепската населба „Точила“ веќе 15 месеци е изградена, но се уште не е ставена во функција иако треба да го реши прашањето со недостиг на капацитети за сместување на децата.

Објектот е вреден 133 милиона денари, а на социјалните мрежи реагираше и поранешниот пратеник и министер за транспорт и врски, Горан Сугарески.

- Срам и грев е готова детска градинка која може да згрижи 250 дечиња, и после 15 месеци да не биде ставена во употреба, објави Сугарески.

Иницијатива има и од невладината „Мултимедија прес“ за подигнување на јавната свест од потребата што побргу да биде пуштена во употреба градинката.

Градинката беше најавено да биде готова пред околу година и половина. Роковите се пробиени. Влатко Петкоски, портпарол на локалната самоуправа вели дека Општината ги завршува обврските, а внатрешното доопремување е на Министерството за труд и социјална политика.

-Градежните работи за новата детска градинка во населбата Точила се на самиот крај. Како обврска на Општината останува она што со првичниот проект не беше предвидено, оградниот ѕид околу градинката. Процедурата тече, има согласност и предвидени средства. Мислам дека внатрешното уредување е обврска на Министерството за труд и социјална политика. Завршена е и трафостаницата. Од целосната сума од 133 милиона денари ние лани ја плативме првата рата од 37 милиони денари, овој месец се платени уште осум милиони денари. Начинот на исплаќање не е поврзано со пуштањето во употреба, изјави Петкоски.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека целосното опремување на градинката ќе заврши за два месеца.

-Набавката, испораката и монтажата на опремата за детска градинка е дел од Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2022 година на Министерството за труд и социјална политика. Министерството распиша постапка за Јавна набавка и склучи договори за опремување со економски оператори во износ од  9.288.202 денари. Исто така ве информираме и дека испораката на опремата е во тек. Целосното опремување на објектот ќе заврши најдоцна за два месеци, стои во информацијата на Министерството.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот