09 Мај, 2024
0.0288

ГРАДИНКИТЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ КРИТЕРИУМИТЕ: Но, кој ќе работи-263 негувателки се ослободени од работа

Објавено во: Македонија 21 Август, 2020

Добивај вести на Viber

И по 20 дена од препораката на Комисијата за заразни болести за почнување на работа на градинките, одлука се уште нема за тоа како ќе почнат да функционираат установите за згрижување на децата од претшколска возраст. Во тек е чистењето на сите простории во градинките, занималните, тие се дезинфецираат, а во некои објекти и целосно се реновираат. Според Комисијата за заразни болести, протоколите кои претходно беа доставени се одлични и токму врз основа на тоа е и дадена препораката за да може да почнат да функционираат, но сега огромен проблем во државните градинки претставува недостатокот на кадар.

Извори на Фактор откриваат дека дури 263 негувателки и останат кадар вработен во градинките е ослободен од работа сите овие месеци по разни основи. Станува збор за вработени кои имаат хронични заболувања, самохрани родители, ослободени мајки од работа за да го чуваат своето дете и така натаму. Нервозата, пак кај родителите кои мора да одат на работа, а немаат своето дете каде да го остават, од ден на ден е се поголема.

Некои од нив, во разговор за Фактор велат дека работодавците не може повеќе да ги толерираат и дека се сериозно загрижени од можноста да го изгубат работното место.

-Оваа ситуација трае предолго. Се е како во маѓепсан круг. Градинките имаат проблем зошто немале доволен број негувателки во моментов кои се ослободени од работа за да ги чуваат своите деца кои се под 10 години. И тоа е така само во државните институции, што да кажеме ние кои работиме во приватниот сектор. Кај нас нема толерирање, или доаѓаш на работа или добиваш отказ. Ваквата состојба навистина предизвикува голем раздор во семејствата, кавги секој ден, децата нема кој да ги чува, а родителите полека, но сигурно ќе го изгубат работното место, револтирано вели Софија Атанасова, мајка на 5-годишно синче, кое нема како да го згрижи.

А, веднаш по одлуката за начинот на кој ќе функционира новата учебна година, Владата донесе заклучок да се разгледа можноста да се обезбеди финансиска поддршка за работодавачите, преку Фондот за здравствено осигурување или преку нов пакет на економски мерки, за родителите на деца кои се запишани во училиште и се до 10-годишна возраст, а во моментот се ослободени од работа и работни активности преку користење на мерките донесени од страна на Владата, имајќи предвид дека истите ќе продолжат да бидат ослободени од работа и работни обврски доколку нивните деца следат настава со физичко присуство, или пак, настава преку далечина (он-лајн).

Дополнително, Владата ги задолжи Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација, да ги разгледаат можностите да се предвиди и извршување на работа со скратено работно време или работа во смена за оваа категорија на лица кои во овој момент се ослободени од извршување на работа и работни активности со физичко присуство на работното место.

Ова предизвика дополнителен револт кај многумина, зошто меѓу ослободените од работа има и вработени во градинките, заради што, како што велат, тешко ќе профункционира отворањето на установите за згрижување на децата.

Инаку, како што претходно пишуваше Фактор, градинките во земјава ги исполнуваат протоколите и бараните критериуми, а, основно е да се прави поголема контрола и децата да бидат на некој начин редуцирани во групите.

Од министерството за труд и социјална политика информираат дека приоритет во овој период за за посетување на градинка ќе имаат децата на самохраните родители и деца на двајца родители кои се вработени и за тоа ќе донесат потврда во установата, а рокот за тоа истекува денеска.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

ЈАНКУЛОВСКА СЛАВИ ПОБЕДА ВО ШТАБ: Објави приказна со сопартијците

ЈАНКУЛОВСКА СЛАВИ ПОБЕДА ВО ШТАБ: Објави приказна со сопартијците