03 Мај, 2024
0.0278

Градинките ќе згрижат 14.555 деца, апел од Шахпаска родителите да не ги носат децата, ако има кој да ги чува

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Установите за згрижување деца е почнат со работа на 9.септември, бидејќи согласно протоколите од Комисијата за заразни болести, тие ги исполнуваат условите. На денешната заедничка прес-конференција, мовоименувабната министерка за труд и социјална политика нагласи дека капацитетот на градинките е 19.000, но во почетокот ќе бидат згрижени 14.555 деца, бидејќи толку биле пријавени од страна на родителите. Предност имаат децата на самохраните родители и на родители кои се и двајцата вработени кои немаат можност да отсуствуваат од работа, за што треба да достават потврди. Таа упати и порака до родителите, да не ги носат децата во градинка, ако имаат можност да ги згрижат.

-Aпелирам до семејствата доколку имаат кој да го чува детето во домашни услови, да не го праќаат во градинка. Доколку во една градинка е исполнет капацитетот детето може да биде згрижено во друга градинка каде има слободно место, но само во рамки на иста општина. Инаку, останува на сила владината мерка согласно која вработените да бидат ослободени од работа доколку имаат деца до 10 годишна возраст, истакна Шахпаска на денешната преспконференција.

Поради фактот дека во голем дел од градинките недостига кадар, заради тоа што вработените ги користат мерките на Владата во време на епидемијата, односно дел од нив се дома заради тоа што имаат деца до 10 години, како и веаботени кои имаа хронични заболувања, министерката Шахпаска истакна дека Владата им препорачала на општините да обезбедат или да адаптираат дополнителен соодветен кадар за да се обезбеди непречено функционирање на установите за згрижување деца.

Истовремено, министерот за здравство Венко Филипче детално ги презентираше протоколите според кои ќе работат градинките.

Во групите до 2-годишна возраст треба да бидат згрижени најмногу 6 деца, а од 2 до 6 години групите смеат да згрижат најмногу до 15 деца. Мора да се избегнува контакт меѓу децата од различни групи. Да се врши дезинфекција на просторот на секои два часа. На вработените и на децата задолжително ќе им се мери температура при влез во греадинката. Установите се должни да обезбедат заштитна опрема, и сите вработени задолжително мора да носат маски. Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во посебни простории. Децата ќе спијат на растојание од еден и пол или два метри на принципот „нозе-глава“. Ќе има постелнина за секое дете обележана со името на детето. Ќе биде забрането користење на играчки кои не се перат и не се дезинфицираат.

-Доколку некое дете појави некакви симптоми за време на престојот во градинката, ќе се изолира во посебна просторија и ќе биде контактиран родител. Секоја градинка ќе има задолжено лице, по можност медицинско за контакт со надлежниот центар за јавно здравје. Родителот доколку забележи симптоми кај детето не треба да го носи во градинка. При секое ново вклучување на детето во градинката, родителот е должен да достави потврда од матичниот педијатар со која ќе докаже дека детето е здраво, истакна министерот Филипче.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ