Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во 2025
Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2025
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска на Клиниката за гинекологија ја посети Сања Талевска, мајката на првороденото бебе во Македонија во 2025.
Талевска го роди Јаков една минута по полноќ, инаку здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри.
„Првороденото бебе за 2025 година се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје. На мајката за која ова е прво дете и бебето Јаков во новата година им посакавме многу здравје и радости, со штедна книшка и пригодни подароци. Наша желба за младата Сања Талевска и за целото семејство е заедно да се радуваат на успесите на Јаков во годините кои претстојат“, објави Арсовска.