21 Мај, 2024
1.7263

Градоначалничката на Битола за деновите минати во болница: Вирусот постојано ја бара слабата точка - глава, кичма, стомак, срце

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Ботола, Наташа Петровска, со статус на Фејсбук ја долови атмосферата од нејзиниот престој во болница како позитивна на Ковид-19. Вели дека таа не ја добила битката со вирусот, туку за тоа е заслужен персоналот, на кого посебно му е благодарна.

„ПОСТКОРОНА

За медицинските сестри и докторите

Нема да кажам дека ја добив битката со короната. Ќе кажам дека спасот од неа е заслуга на медицинскиот персонал од Клиничка Болница Битола кои ме следеа во овој период и  на Бога. Ова беше најмалку моја победа. Токму затоа, до нив упатувам длабока почит и благодарност. Без нивната поддршка ништо немаше да биди како што е. Респект, за сета пожртвуваност, за саатите поминати под скафандери, понекогаш од 9 наутро до 4 попладне, без вода, без тоалет,...одејќи од пациент до пациент. Често така лежејќи ја слушав нивната задишаност под маските и тромото влечење на обувките од умора. Некаде ниски сатурации, некаде отежнати со мозочни удари, некаде со деменција, некаде со срцеви проблеми, некаде полесни, некаде потешки.... некаде радост што смртта ги одминала, некаде загуба и солзи. Исписи, записи на починати, нови пациенти... И во сето тоа слушате како упатуваат утешни зборови кон секого. ГОЛЕМИ ЛУЃЕ! 

За добрите луѓе

Во сиот тој мрак во кој се наоѓате, гледате светлина, зрак, љубов, надеж, поддршка... Стигнуваат пораки со топли зборови, слики, прегратки, лични видеа со убави желби, пеење во оригинал изведба наменета токму за вас... без граници, без пресметки, едноставни, чисти, искрени, човечни..... ВИ БЛАГОДАРАМ! Ви благодарам за Вашиот влог во оваа битка. 

За вирусот

Шара по целото тело. Ви прави буквално скрининг. И бара,  бара слаба точка. Не успева на едно место, и стрелито заминува на друга страна. Дали е тоа глава, кичма, стомак, срце,... зависи од слабите точки. Истошеност од која здивот ви се зема. И сфаќате дека и кога ви велат помина, имате два последователни негативни тестови, ви треба сила уште да донакрените. Заминувате со измешани чувства, радост за преживеаните и тага за изгубените наши сограѓани. 

За злите

.....000000 (и маргините веќе се исполнети во оваа прилика) Жалам!“, напиша Петровска во својот статус.


Можеби ќе ве интересира

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра