19 Декември, 2025
0.0457

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВИКЕНДОВ ЌЕ НИ ОДРЖАТ ЦЕЛ САЕМ ЗА СРАБОТЕНОТО - една година од преземањето на локалната власт

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2022 10:53

Добивај вести на Viber

Саем на промените што носат иднина. Така ќе се вика дводневниот отчет кој партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе го дава за сработеното во првата година на нивните градоначалници, кои ја освоија власта на локалните избори. 

Од партијата на Христијан Мицкоски брифираат дека ВМРО-ДПМНЕ овој викенд (05, 06 ноември) ќе направи отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори. 

„Новина е тоа што самиот настан ќе трае два дена, и нема да биде класичен отчет туку политички саем каде ќе се презентира сработеното во секоја општина. Слоганот под кој ќе се одвива настанот кој инаку за прв пат го организира било која политичка партија е ‚Саем на промените што носат иднина'“, објаснуваат од партијата. 

Како што најавуваат оттаму, ќе има над стотина учесници на саемот, покрај разговор за сработеното во општините и интеракција со градоначалниците ќе има и повеќе дискусии за актуелни теми како што е локалниот економски развој, енергетиката и локалните самоуправи, дигитализацијата и редица редица други теми. 

Се очекува и посебна дискусија на меѓународни организации поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ и реформските процеси. 

Воедно саемот, покрај на главната бина, ќе се одвива и на шест други штандови каде локалните самоуправи ќе бидат поделени на региони во Македонија. 

„Настанот ќе биде отворен во саботата со воведен говор на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа интерактивниот дел ќе продолжи дента во наредните 8 часа и неделата со нови содржини“, објаснуваат од партијата. 

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека се задоволни од сработеното на градоначалниците кои овие резултати ги оставаруваат во едни тешки услови на економска, политичка и енергетска криза. 

„Промените се видливи и е забележлив поинаков и отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните. Се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми, а промените носат иднина во која заеднички веруваме“, велат од партијата. 

Настанот ќе се оддржи во Холидеј Ин Скопје со почеток во сабота во 11 часот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот