19 Декември, 2025
0.0417

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ПРЕФЕРИРААТ СПОРТСКИ КЛУБОВИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ - невладините се жалат дека добиваат само „трошки“ од општинските буџети

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2023 10:28

Добивај вести на Viber

Центарот за граѓански комуникации денес го објави истражувањето -
„Трошки за здруженија на граѓаните во општинските буџети“.
Истражувањето открива дека општините преку буџетската ставка 463 –
наречена „Трансфери до невладини организации“  во 2022 година доделиле
6,6 милиони евра. 
Притоа, како што потенцираат од Центарот, над 90 отсто од парите се доделени на спортските клубови, кои, велат, се миленици на локалните власти и во одредени општини добивале и по еден милион евра годишно.
Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:
•  Здруженијата на граѓани и фондации не ја добиваат потребната
финансиска поддршка од општинските буџети. Во просек, општините во 2022
година доделиле за здруженијата на граѓани само 0,1 отсто од своите буџети.
•  Со исплатите на средства кон професионалните спортски клубови преку
буџетската ставка 463 - Трансфери на невладини организации се создава
искривена слика дека поддршката на здруженијата на локално ниво е
поголема од реалното.
•  Просечната вредност на доделените средства за здруженија на граѓани од
општините во 2022 година изнесува скромни 75 илјади денари, а за
спортските клубови шест и пол пати повеќе односно просечно по 488 илјади
денари.
•  Најголем дел од парите што се доделени за НВО се за проекти од областа
на социјалната заштита, по што следат проекти од областа од културата и
на животната средина.
 Речиси и да нема проекти од областа на доброто владеење, со што се оневозможува здруженијата на граѓани да дадат придонес во борбата против корупцијата и кон зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалните власти.
•  Јавните повици за доделување финансиска поддршка за НВО се објавуваат
на веб-страниците на општините. Но, во нив, најчесто, не се наведени
целите на повикот, висината на средствата, ниту критериумите за избор на
предлог-проектите.
•  Поголем дел од општините не ги објавуваат јавно имињата на
организациите кои добиле буџетска поддршка, ниту износот на доделените
средства и нивната намена. А, не се бараат од примателите на средствата
ниту да доставуваат извештаи за реализацијата на проектите. 
Со овој пристап општините не овозожуваат транспарентен и фер пристап до
средствата, како и увид во начинот на кои тие се трошат - со што се
отвора простор за злоупотреби и корупција.
Ова истражување е изготвено во рамките на проектот „Заштита од
корупција“  со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во
Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, во периодот
од 1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година. 

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните