06 Октомври, 2024
0.0271

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРБИНЦИ ГО ПОТВРДУВА ОБИДОТ ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ДЕЦАТА: „Ситуацијата е сериозна, зошто МВР демантира“

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов, денеска до скоро 15 часот имал разговори со инспекторите во врска со инцидентот пред училиштето „Страшо Пинџур“ и тој всушност се спротивставува на демантот на МВР, зборувајќи за деталите.

-Директорката ми јави за случајот и јас веднаш заминав во училиштето. Бев присутен за време на разговорите со полициските службеници и сакам на јавноста да и кажам што точно се случувало утрово во училишниот двор, така како што беше раскажно пред полицијата.

Во демантот на МВР се наведува дека утрово околу 09.30 часот младо момче со возило Голф дошло во училишниот двор и ја поканило ученичката да влезе во автомобилот и одат на кафе, по што таа пријавила кај директорката, ситуацијата била далеку посериозна.

Во дворот со возило Голф, темно сина боја и со скопски регистарски таблички се паркирало момче, не се знае неговата возраст, излегло и му пришло на еден ученик. Извадило мобилен телефон и на ученикот му покажало фотографија од ученичка која е во деветто одделение, значи околу 13 години, и му рекол да ја повика. Му дал 200 денари во рака, за да ја викне. Ученикот го повикал девојчето, по што лицето од возилото и рекло да влезе во автомобилот за да одат на кафе и и нудело пари. Девојчето се исплашило, бидејќи не го познавала лицето, и веднаш заминала кај директорката да пријави. Во меѓувреме, истото лице му се обратило на момче од шесто одделение, кое е од турска националност, што беше спомнато и од директорката, дека се работи за две деца, од македонска и турска националност, и него се обидел да го намами да влезе во колата. Му покажал и понудил пари, дури и го повлекол за јакната за да влезе. Момчето се исплашило и не влегло во автомобилот, туку дошло кај директорката да и каже за настанот- појаснува градоначалникот.

Вели дека разговорот со полициските службеници се одвивал во основното училиште ,,Страшо Пинџур” во присуство на директорката Наталија Костова, дел од техничката служба, како и двете деца врз кои беше извршен обид за киднапирање.

-Не го разбирам демантот на МВР, кој беше објавен во време кога уште течеа разговорите и се даваа изјави по повод случајот кој сите не вознемири. Разговорот со инспекторите траеше речиси до 14.40 часот, а МВР објави демант околу 13.00 часот -појаснува Паунов.

Тој ги смирува родителите, истакнувајки потреба од засилени безбедносни мерки за учениците од училиштето и очекува брза разрешница од надлежните институции.

Сакам да и порачам на јавноста дека ова е сериозен момент, настанот доаѓа во време кога целата земја е вознемирена од последните случувања, но и да упатам порака до МВР, дека Карбинци се наоѓа на седум километри од Штип и дека ние овде бараме редовно патролирање на полицијата. Тоа се реакции и од жителите кои неколкупати ги пренесувам, но без резултат.


Можеби ќе ве интересира

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија