19 Декември, 2025
0.5867

Градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ му се заблагодари на Мицкоски за понудата за помош

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2025 13:08

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДСМ,Сашко Митовски, упати јавна благодарност до сите страни кои помогнаа во гасењето на пожарот што му се закануваше на градот, меѓу кои ина неговите колеги Костадин Костадинов од Струмица, Драган Анастасов од Пробиштип и Митко Јанчев од Кавадарци, како и до градоначалникот на Ќустендил.

„Кога природата се разбеснува, кога огнот ја голта шумата и заканува на директно на домовите… тогаш вистинската сила на еден народ, на еден град, се гледа во тоа кој ќе застане рамо до рамо со тебе.

Длабоко, длабоко се поклонувам пред секоја пожртвувана рака, секое срце што чукаше за својот град. Нема зборови што ќе можат целосно да го опфатат тоа што го сторивте, но ќе се обидам да ви се заблагодарам – како човек, како пријател, како ваш градоначалник“, порача Митовски.

Упати благодарност и до амбасадорот на Бугарија, припадниците на АРМ и МВР, вработените во „Национални шуми“ и општина Крива Паланкам како и на противпожарните екипи на градот., а додаде и дека лично премиерот Христијан Мицкоски му се јавил неколку пати со понуда за помош.

„Исто така целиот тој тежок и драматичен ден, покрај храброста на нашите пожарникари, доброволци и граѓани, едно нешто остави посебен и силен впечаток – тоа што луѓето можеа да нè видат сплотени и обединети пред заедничкиот предизвик. Без поделби, без политички предзнаци – само со една цел: да го заштитиме нашиот град.

Затоа дозволете ми да ја споделам и оваа важна информација – во текот на вчерашниот ден, лично Премиерот Христијан Мицкоски ме контактираше во неколку наврати, нудејќи поддршка и координација. Во целата акција активно се вклучи и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој ја следеше ситуацијата во реално време и обезбеди воздухопловна поддршка. Истовремено, пратениците Љупчо Николовски и Емил Спасовски дадоа свој придонес и изразија подготвеност за соработка, а во текот на денот беа и лично присутни на терен.

Ова не е време за поделби, туку за обединување. И верувам дека граѓаните тоа го препознаваат и го ценат. Само заедно – со чесност, истрајност и емпатија – можеме успешно да се справиме со вакви големи предизвици“, објави градоначалникот на Крива Паланка.


Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти