Градот Скопје распиша оглас за закуп на Автобуската станица–Скопје
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2015
Бидејќи се навршуваат 15 години откако беше издадена под концесија Автобуската станица – Скопје, и поради истекување на договорот за закуп денеска од Градот Скопје објавија меѓународен јавен повик за давање под закуп на Автобуската станица–Скопје, што е сместена под Железничката станица (Транспортен центар) за да се овозможи непречен транспорт на патници.
Давањето под закуп се предвидува да се изврши по пат на усно јавно наддавање што ќе се изврши на 30 март годинава во просториите на Град Скопје.
Основен критериум за избор ќе биде највисоката понудена закупнина, при што почетната цена за закуп не може да биде помала од 170 милиони денари, без вклучен ДДВ.
Имено, временскиот период од 15 години е предвиден за давање од закуп на Автобуската станица - Скопје.
Краен рок за доставување на документите за утврдување на способноста на учесниците за учество во постапката за усно јавно наддавање е 05.03.2015 година до 14 часот по локално време и се доставуваат преку пошта или директно во архивата на Град Скопје (барака број 16), со седиште на булевар Илинден број 82, Скопје, Република Македонија.
Постапката за усно јавно наддавање ќе биде спроведена од страна на Комисија.