19 Декември, 2025
0.0814

ГАЛЕРИЈА: Градот спроведува мерки, Коце со автобус на работа, граѓаните непослушни и рамнодушни

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2017 12:57

Добивај вести на Viber

Многу граѓани останаа рамнодушни и за да ги избегнат турканиците низ градските автобуси удобно си се качија во автомобил и се одвезоа до работа игнорирајќи ги препораките за намалување на загадениот воздух.

Многу скопјани остнаа мртви ладни на повикот на градските власти и покажаа дека свеста е сепак на многу ниско ниво.

Во осум часот во автобусите немаше големи гужви, меѓутоа работите се променија напладне кога и учениците одат и се враќаат од училиште, студентите на факултет.

Утринава на работното место со автобус дошол и таткото на градот.

Во насока на намалување на загадувањето на воздухот со коешто сме соочени во последниве неколку дена екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје започнаa со спроведување на мерките што Градот Скопје ги донесе, односно во текот на изминатата ноќ и во текот на денешниов ден со пет автоцистерни се врши машинско миење на поголемите улици и булевари во Градот.

Интензивно се мијат и улиците во скопските општини Центар, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Карпош.


Булеварите Борис Трајковски, Јане Сандански, Илинден и Партизански одреди, како и улицата Самоилава и други улици, исто така, се чистат и со четири специјални комунални возила – метлачки.

Во текот на целиот денешен ден, вкупно 215 работници вршат рачно метење и собирање на отпадоците, како и расчистување на остатоците од снегот и мразот на плоштадите „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се чисти Старата Чаршија, пешачките патеки и тротоарите на поголемите булевари, раскрсници и на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата, Кејот 13-ти Ноември, како и пристапите до поголемите институции“, соопштија од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.

ФОТО: ФАКТОР

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот