Градски автобус прегази пешак на Бит пазар
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2017
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот Крсте Петков Мисирков во близина на Бит пазар откако градски автобус на ЈСП удрил во пешак кој преминувал улица.
Екипи на МВР вршат увид на местото на несреќата и ги утврдуваат околностите во кои настанал ударот на автобусот. Според неофицијалните информации, станува збор за жена која подлегнала на повредите на лице место.