17 Декември, 2025
0.0528

ГРАФИКА: Кој го полни, а кој го празни буџетот на ЕУ!

Објавено во: Свет 20 Февруари, 2015 08:33

Добивај вести на Viber

Здравата фискална политика за секој еден човек или семејство е да троши помалку отколку што заработува. Така се штедат пари, кои можат да бидат искористени за друга цел - купување на автомобил, живеалиште или едноставно одмор. Кога станува збор за држави, акумулацијата на пари на крајот на месецот или годината е вишок, а недостигот - дефицит. Европската унија има правило, според кое максимално дозволениот буџетски дефицит за земјите членки е 3% од бруто домашниот производ (БДП) за една година. А секое правило и тоа многу често се крши, поради различни причини. Европската комисија (ЕК) објави минатиот месец нова политика за тоа како ќе ги надгледува буџетските правила на Унијата. Во моментов тие ги обврзуваат земјите да одржуваат буџетскиот дефицит под 3% од бруто домашниот производ (БДП). Земјите од ЕУ ги поминаа последните пет години во кастрење на буџетските дефицити, кои беа подуени од економската криза, а ги зголемуваа даноците и намалуваа на трошоците, што го спречи економскиот раст и ја зголеми нагло невработеноста во голем дел од Унијата. Со слабеењето на тензиите на финансиските пазари по екот на должничката криза во еврозоната во 2012 година, комисијата ја промени интерпретацијата на буџетските правила во обид да го минимизира негативниот економски ефект од намалувањето на трошоците. Соопштението од вторникот до одреден степен ја формализира оваа позиција, а во исто време нуди некои нови политики. Земјите кои најчесто не ја постигнувале целта за буџетскиот дефицит се Грција, Франција, Ирска, Малта и Полска, кои од 1997 година до 2015 година имале буџетски дефицит над 3% 11 години. Дури и во моментов некои од овие земји одбиваат да ги гласаат повеќе конзервативните буџети и да ги скратат трошоците за да се вклопат во своите можности. Новата Левичарска влада во Грција дури си постави за цел токму зголемување на дефицитот и престанок на политиката на штедење. Франција исто така не планира во наредните години да го намали дефицитот под 3%. Со малку подобри резултати следат Португалија и Велика Британија, кои 10 години ја планирале расходната страна на буџетите над своите можности и достигнале дефицит над 3% од БДП. На спротивната страна се фискално одговорните земји, како Финска со 1 година отстапка, и Естонија, Луксембург и Шведска со ниту една година. Графиконот покажува во колку години земјите од Европската унија имале дефицит над максимално дозволените од Европската унија 3%: eu budzeti K.K.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“