16 Декември, 2025
0.0514

Граѓанин ја тужи општината за дупка на патот

Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2014 14:44

Добивај вести на Viber

Граѓанин ја тужи општина Габрово, Бугарија, по катастрофата предизвикана од незаштитен и неозначен со сигнализација ископ со должина и ширина повеќе од еден метар и длабочина од 80 сантиметри . Веста ја пренесоа бугарските агенции. Инцидентот се случил пред една година , а Окружниот суд во Габрово со решение од 2 јануари пресуди, администрацијата да му плати на оштетениот вкупно 1050 лева материјални и нематеријални штети. Судот утврдил дека ископот не бил обезбеден и не бил идентификуван со сигнализација, а оштетувањето на возилото на граѓанинот е " во директна врска со неактивноста на вработените на општина Габрово , што по својата природа е противоправно " . Мажот се движел со брзина од 10-15 километри на час, но и покрај тоа не можел да го избегне пропаѓањето во ископот. Возачот не е повреден сериозно , но по инцидентот возилото му станало непогодно за употреба. Ископот бил направен од водното друштво во градот поради хаварија во водопреносната мрежа. Општината се обидела да го насочи тужителот да го тужи водовод . Судот сепак наведува дека несреќата се случила како резултат на лошо стопанисување на улицата , која со закон е јавна општинска сопственост и администрацијата е должна да ја одржува во добра состојба .

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени