ГРАЃАНИТЕ БАРААТ РЕШЕНИЕ ЗА ВАРДАРИШТЕ: нов протест попладнево, сомнеж за контрапротестанти
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2025 19:28
Група граѓани денеска повторно се собраа пред мостот Близнак во општина Аеродром, каде повторно ја изразија својата загриженост за загадениот воздух.
По одржаниот собир на раскрсницата на булеварот Србија, групата се упати кон општина Гази Баба каде треба да се сретне со останатите протестанти, кои се собраа на другата страна од мостот со цел да ја изразат својата загриженост.
Засега според учесници во претестите, утре наутро нема да се одржат нови протести, иако се можни измени, откако двете групи заедно ќе разговараат.
Дали причините за откажувањето на утринските протести лежат во слабиот одзив меѓу граѓаните или незинтересираноста на претставниците на институциите останува допрва да откриеме.
Иако одзивот на протестите беше слаб, дел од нив посочуваат дека во непосредна близина дошла друга голема група граѓани за кои се сомневаат дека се контра протестанти.
Утрово на иницијатива на граѓаните под мотото „Стоп за Вардариште“ беше одржан протест на споменатата раскрсница.
Тие посочија дека депонијата Вардариште е без ограда, повтроно е присутен отпад и недоволно е обезбедена.
Од Стоп за Вардариште кажаа дека биле во посета на депонијата но не им било дозволено да влезат внатре, однадвор виделе противпожарно возило и полициско присуство што обезбедува, само од една страна, а на другиот крај, од каде што исто така може било кој да пристапува и имаше купишта железен отпад.
Подржувачите на граѓанската иницијатива кои што беа присутни на утринскиот протест велат дека е неопходно решение, дека треба да се почитуваат законите кои ги имаме.
По барањето на граѓаните да се сретнат со надлежните, на терен денеска излезе актуелниот градоначалник на Аеродром Дејан Митески кој потенцираше дека Вардариште првенствено била градска депонија, но е во постојана комуникација со релевантните институции за решение на проблемот.
Фото: Фактор
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




