Граѓаните болни од ковид нема да плаќаат во приватните клиники?
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2020 18:24
Со прогласувањето на кризната состојба, и приватните клиники ќе треба да примаат болни од ковид на сметка на Фондот за здравство кој што нив ќе им исплаќа сума на пари како што им исплатува на ковид центрите во јавното здравство. Граѓаните нема да плаќаат, објасниле за Канал 5 од Министерството за здавство.
По вчерашниот состанок на министерот за здравство Венко Филипче со сопствениците на приватните клиники, првично се донесе одлука дека ќе помогнат во борбата со корона вирусот.
Според Законот за управување со кризи, член 33, државата може да употребува и ресурси и на приватни фирми, како и употреба на ресурсите на граѓаните и други правни лица.
„Дневниот надоместок за користење на ресурсите изнесува до 30 отсто од просечната месечна нето плата по работник објавена од ДЗС, во месецот пред давањето на ресурсите, а надоместокот за нивно оштетување или уништување не може да биде помал од пазарната вредност од средството„, се вели во законската одредба.
Инаку, како што соопшти Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.292 и има околу 120 празни болнички кревети во ковид центрите, тврдат денеска од Министерството за здравство.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Сепак, како што пренесе телевизијата, преполни се интензивните одделенија во нашите ковид центри.Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




