ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ МИРНИ: Ниту еден параметар не укажува на пад на вредноста на денарот
Објавено во: Економија, Корона Вирус 24 Мај, 2020
Поранешниот гувернер Димитар Богов и екс гувернерот Љубе Трпески во изјава за Фактор велат дека граѓаните треба да се мирни и дека нема ниту еден параметар кој укажува на пад на вредноста на денарот.
Велат дека приказните за девалвација на денарот се целосно без основа и според економските индикатори стабилноста на денарот воопшто не е загрозена.
После бројните слични епизоди во минатото, мислам дека се помалку граѓани и бизниси подлегнуваат на таквите шпекулации. Уверен сум дека Народната банка има целосна контрола на ситуацијата и многу брзо ќе ги увери дека денарот останува стабилен и оние малку граѓани и бизниси кои сеуште подлегнуваат на вакви шпекулации, вели Богов.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.